Skip to main content
Фев 23, 2023
Кичево-Охрид
Очекувањата се годинава да се заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид, вели Министерот Благој Бочварски, со што дополнително не би се зголемила цената на чинење. Преку тековна координација на сите субјекти и институции инволвирани во изградбата и дополнително ангажирање работници на терен би се испочитувал рок на изградба кој е продолжен до крајот на тековнава година.

Обука факти
Фев 23, 2023
Остануваат уште осум дена за пријава
Преку оваа програма, најдобрите учесници ќе имаат можност за практиканство во медиумите на Метаморфозис, Мета, Порталб или Вистиномер, а двајца ќе имаат можност да поминат еднонеделна студиска посета во САД. Предавач на обуката, која ќе се одржи во Струга од 22 до 24 март 2023 година, меѓу останатите, ќе биде еминентниот новинар Џон Гринберг, дописник на PolitiFact.

Фев 23, 2023
Овоштарство
Охриѓани и стружани се одлучуваат за одгледување на орев и лешник затоа што економски се поисплатливи во споредба со други овошни насади. Препораката на агрономите е да се подигаат насади на поголеми површини.

Фев 23, 2023
Поканата за гостувањето на сцената на Народниот театар во Софија, е големо признание за нашата актерка, бидејќи овој театар со своите претстави е еден од водечките во регионот и Европа.

Фев 23, 2023
Градежни активности
Инвестициите во комплетна внатрешна реконструкција на објектот ќе продолжат и во иднина за што веќе се обезбедени финансиски средства од аплицирани проекти.

Фев 23, 2023
Соопштение
Во вторник на 28-ми февруари со почеток во 13 часот ќе се одржи 17-тата седница на Советот на Општина Дебрца.

Фев 23, 2023
Јп охридски комуналец
Игралиштата генерално се чистат, хортикултурните содржини тековно се одржуваат и се коси тревната површина, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Фев 23, 2023
Околу 350 изложувачи од 33 земји, вклучително и Македонија, учествуваат под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“.

Свети харалампиј
Фев 23, 2023
Заштитник на пчеларите
Според календарот на Македонската православна црква денеска се одбележува Светиот свештеномаченик Харалампиј.