Skip to main content
Мар 11, 2023
Временска прогноза
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени, информираат од УХМР.

Мар 11, 2023
Општина охрид
Разговорот беше фокусиран на априлската средба со амбасадорите на земјите чии граѓани се добитници на Светската награда за хуманизам.

Мар 11, 2023
Општина охрид
Ќе се финансираат проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот, информираат од Локалната самоуправа.

Мар 10, 2023
Општина охрид
Пецаков: Основата врз која сите градоначалници наназад го поништувале одобрението за градба на хотелот во Лагадин веќе не држи вода. Бочварски: Општина Охрид е незаинтересирана да додаде дополнителни аргументи за поништување на одобрението за градење. Градоначалникот на Охрид и Министерот за транспорт и врски денеска на прес конференции почувствуваа потреба, како што кажаа, детално да ја запознаат јавноста со предметот за градењето на хотелот во Лагадин.

Мар 10, 2023
Јавен повик
Право на учество имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга, според Законот на здруженија на граѓани и фондации.

Мар 10, 2023
Најново истражување
Во најновото истражување на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи се наведува дека во последниве 20 години дури 150 илјади млади луѓе од земјава на возраст до 29 години решиле да ја напуштат Македонија и среќата да ја побараат во странство.

Мар 10, 2023
Општина дебрца
Вкупната вредност изнесува 4.461.007 денари, од кои 3.695.600 денари ги обезбеди Центарот на ЈЗПР, преку Бирото за регионален развој, а 765.407 денари се учество на Општина Дебрца.

Мар 10, 2023
Владина седница
Владата донесе одлука да ги замрзне цените на тестенините и на млечните производи со што тие ќе се намалат за 15 односно 10 отсто, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничка прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши. Оваа одлука ќе се применува од 16 март 2023 година до 31 мај 2023 година.

Јилдиз Веапоска
Мар 10, 2023
Судењето е закажано за 9 мај
По трет пат се одложи судењето против тројцата гинеколози од струшката болница кои се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето. Според обвинението поради лекарска грешка при породување родилката Јилдиз Веапоска, медицинска сестра од Дебар остана без три органи- јајник, матка и бубрег. Веапоска вели како одминува времето, таа се чувствува се полошо и физички и психички, а дополнително е изложена на трошоци за секое доаѓање на рочишта во Основниот суд Струга.