Фев 20, 2023
Прес конференција на ОО СДСМ
Социјалдемократите повикуваат не за новите административни вработувања
Охридскиот Совет да не даде согласност за измената на општинскиот План за вработување за 2023 којшто е на дневен ред на утрешната седница, повикуваат од ОО СДСМ. Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ на овој начин покажува игнорирање на актуелната финансиска состојба, кажа на прес конференција портпаролот на охридските социјалдемократи.
Фев 20, 2023
ФЗОРСМ
Од утре почнува исплатата на боледувањата и породилното отсуство
Од Фондот велат дека осигурениците етапно ќе ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда.
Фев 20, 2023
Регулаторна комисија за енергетика
Од вечерва на полноќ поскапуваат горивата
РКЕ донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92% во однос на одлуката од 13.02.2023 година.
Фев 20, 2023
Социјално загрозени семејства
Хуманитарна акција на ИПА Охрид
Целта на заедничката акција е поттикнување на солидарноста, како и подигнување на јавната и општествената свест за донирање на храна на оние семејства на кои им е најпотребна, а кои немаат доволно средства да обезбедат редовни дневни оброци.
Фев 20, 2023
Министерство за внатрешни работи
Лажни се дојавите за бомби на скопскиот аеродром и училиштата
Од МВР информираат дека се лажни заканувачките пораки за поставена експлозивна направа во училишта и на скопскиот аеродром.
Фев 20, 2023
Свр охрид
Кривична за скопјанец кој ширел говор на омраза на фејсбук
Кривична пријава за 47-годишен жител на Скопје кој по претходно објавен пост на фејсбук, објавил коментар со недолична содржина со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
Фев 20, 2023
Свр билтен
Прилепчанец нападнат во казино во Охрид
45-годишен жител на Прилеп бил физички нападнат од непознато лице во казино на бул. „Македонски Просветители“ во Охрид.
Фев 20, 2023
Прес коференција сдсм охрид
Крлев : Во услови на глобална криза локалната власт унапредува 8, а вработува 14 работници
Во услови на глобална економска и енергетска криза локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ си дозволува луксуз да побара согласност за унапредување на 8 работници и согласност за вработување на 14 нови работници, вели Крлев.
Фев 20, 2023
Општина охрид
Бројни активности за чистење на ЈП Охридски Комуналец
Беа расчистени депонии по налог на локална самоуправа кај Градска плажа во населба Даљан и во близина на с. Рамне.