Јан 31, 2023
Центар за развој на југозападен плански регион
Јавните претпријатија во Охрид ќе се подноват со нова опрема
Јавните комунални претпријатија во Охрид ќе се подноват со нова опрема. Преку проект на Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе се набавува камион кипер за ЈП Водовод и два трактори со опрема за ЈП Комуналец и Нискоградба. Целта е обновување на застарената опрема и поголема ефикасност на јавните претпријатија, зголемување на квалитетот на работата и намалување на трошоците.
Јан 31, 2023
Градскиот совет даде согласност
Нискоградба ќе им наплаќа на субјекти кои користат техничка вода без броило
Хотелите кои користат техничка вода, а немаат водомер, инвеститорите при градба на објекти, како и автоперални ќе плаќаат надоместок на ЈП „Нискоградба“. Ќе се фактурира паушал за кубици испуштена вода во канализациониот систем, врз основа на пресметки од хидроинженери за минималниот и максималниот испуст на вода во текот на еден месец и една година.
Јан 31, 2023
Земјоделие
Oхридски земјоделец избира органски семиња
Сезер Акин сака да ја разбуди љубовта кон ботаниката кај луѓето со садење на билки на балконите и терасите. Вредниот производител на органска храна подготвил и земјени топчиња со семе од цвеќиња кои ќе бидат расеани низ природата.
Јан 31, 2023
Општина охрид
Заврши реконструкцијата на санитарните јазли во ОУ Братство Единство Лескајца
Вредноста на реконструкцијата на санитарните јазли изнесува 1 313 600 денари, додека вредноста за реконструкција на електричната инсталација изнесува 824 188 денари.
Јан 31, 2023
Центар за култура григор прличев охрид
Во недела ќе се одржат Прличевите беседи
Со изложба на ликовни дела на уметници од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе започнат годинешните „Прличеви беседи“.
Јан 31, 2023
Манифестација
Објавена програмата на Струмичкиот карневал
Струмичкиот карневал ќе почне со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите.
Јан 31, 2023
Ер Србија од јуни ќе ја обнови авиолинијата Белград-Охрид
Охрид, македонскиот бисер и македонскиот туристички и културен центар ќе биде воздушно поврзан со Белград четири пати во неделата, односно секој понеделник, среда, петок и сабота, од 5-ти јуни 2023 година.
Јан 31, 2023
Министерство за образование и наука
Основците ќе учат до 14-ти јуни, средношколците до 9-ти
Учебната година за учениците од основните училишта ќе заврши на 14 јуни, а за средношколците на 9 јуни, стои во објавата на сајтот на МОН.
Јан 31, 2023
Временска прогноза
Од четврток умерени врнежи претежно од снег
Во четврток времето ќе биде умерено до значително облачно, кон крајот на денот со локални врнежи претежно од снег.