Skip to main content
Јан 30, 2023
Иницијатива на правници од струга
На иницијатива на правници од Струга, Уставниот суд ќе ја преиспитува уставноста за исплата на апанажа на јавни функционери кои се разрешени или дале отказ пред завршување на нивниот мандат. Иницијатива за оспорување на одредбите од законот за надоместоци и плати на јавните функционери, правниците ја поднесоа пред десет месеци. Сметаат дека исплатата на апанажа го нарушува принципот на еднаквост на сите граѓани.

Јан 30, 2023
Во близина на средно училиште во струга
Полициски службеници утрово привеле малолетно лице од струшко село, бидејќи кај него бил пронајден гасен пиштол.

Јан 30, 2023
Според образложението од раководството изнесено пред советниците на денешната седница, јавното претпријатие има потреба од зголемување на приходите поради драстичното зголемување на трошоците во работењето, а при конципирање на новиот ценовник се водело сметка поскапувањето да не е на терет на граѓаните на Охрид. За опозицијата во советот поскапувањето на услугите на јавните претпријатија не е изненадување туку пракса. Кај ЈП „Билјанини извори“ посочија еден нов момент, давањето право на пајак службата да подига возила од јавен паркинг простор без асистенција од полиција.

Јан 30, 2023
Центар за јавно здравје
Скринингот дава резултати со навремено откривање на малигните неоплазми и спасени животи. Од ЦЈЗ напоменуваат дека подобро е да се посвети повеќе внимание на превентивните прегледи за да се спречат заболувањата одколку да се применуваат скапи лекувања.

Јан 30, 2023
Регулаторна комисија за енергетика
Цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека на ЕУРОДИЗЕЛ за 0,50 ден/лит.

Јан 30, 2023
Хумана акција
Старите мобилни телефони беа поправени и донирани на граѓани на кои им се најпотребни во секојдневниот живот.

Јан 30, 2023
Сообраќајни контроли
Санкционирани 18 возачи во Охрид кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Во Струга казнети 48 возачи.

Јан 30, 2023
Приведен 30-годишен охриѓанец кој го нарушил јавниот ред и мир со викање и упатување закани кон тројца сограѓани на улицата „Абас Емин“.

Јан 30, 2023
Автопат кичево охрид
Нема интензивирање на градежните работи на автопатот Кичево-Охрид, кажа денеска пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Лидија Петкоска во врска со изјавата на премиерот Ковачевски за завршени 57 км од делницата. Граѓаните и туристите кои доаѓаат во Охрид најдобро знаат дали навистина возат по нова автопатска делница до Охрид, посочи пратеничката.