Јан 25, 2023
Италијански композитор руџеро леонкавало
Драматичната опера Палјачи во петок во НОБ
Во петок на 27-ми јануари со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“.
Јан 25, 2023
Центар за развивање на животни вештини
Уписи на нови деца во Бреинобреин центарот
За сите новозапишани ученици кои едукацијата ќе ја започнат до 1-ви март Бреинобреин-Црвен крст Охрид дава 50% попуст за првиот месец од програмата.
Јан 24, 2023
Зошто доцнат платите?
Работи ли домаќински ЈП „Градски Пазар“?
Од официјалниот допис се гледа дека само за три месеци, односно за, последниот квартал од 2022 на СОС балкан медиа му се исплатени фантастични 141.000,00 ден или близу 2.500 еур. Од друга страна, за вработените во ЈП „Градски пазар“ доцни декемвриската плата, која наводно дури денес е исплатена.
Јан 24, 2023
Инфо сесија
Со дигитална трансформација до иновација
Во четврток со почеток во 11 часот во Старт-ап центарот Касарна Хаб во Охрид ќе се одржи информативен настан за предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација“.
Јан 24, 2023
Јавно претпријатие билјанини извори
Цените за паркинг, користење на спортската сала и базенот, сидриштето за кајчиња и катамарани остануваат исти
Цените за користење на Спортската сала и базенот, паркинг просторите, сидриштето за кајчиња и катамарани остануваат исти, информираат од ЈП „Билјанини извори“.
Јан 24, 2023
Министерство за труд и социјална политика
Намален бројот на жртви од семејно насилство
4.3 % намалување на бројот на евидентирани жртви на семејно насилство е забележано во државава во 2022 во однос на претходната. Но бројките се уште се високи, а жените најчести жртви. Најмногу се пријавува психолошкото и физичко насилство. Исто така големи се бројките на побарани и изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство.
Јан 24, 2023
Туризам
Подобрена наплатата на туристичка такса
Инкасираната сума полека се доближува до износот уплатен во периодот пред пандемијата. Прикривање на туристичка такса имало и ќе има, велат од Тлер.
Јан 24, 2023
Министерство за труд и социјална политика
Се подготвува новиот закон за работни односи
Новиот предлог закон за работни односи предвидува по експедитивни казнени одредби за работодавачите, преку намалување на опомените. Исто така новата нацрт верзија предвидува и измени во склучувањето на догoворите за oпределено време, кои сега нема да може да траат повеќе од две години и нема да може за ист работник повеќе од три пати да се потпишува анекс на тие договори.
Јан 24, 2023
Несреќа
23 годишник со возило удрил во двајца пешаци во Струга
23-годишно лице од Франгово, со возило удрило во двајца пешаци на крстосницата од улиците „Маркс и Енгелс“ и „Ристо Крле“ во Струга.