Јан 24, 2023
Совет на општина охрид
Свикана дваесет и втората седница
Во понеделник на 30-ти јануари со почеток во 9 часот ќе се одржи дваесет и втората седница на Советот на Општина Охрид.
Јан 24, 2023
Финансиска поддршка
Избрана граѓанска организација која координира центар кој згрижува деца со атипичен развој
Финансиска поддршка ќе добие Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“.
Јан 23, 2023
Регулаторна комисија за енергетика
Нови цени на горивата
Бензинот еуросупер БС-95 и дизелот од полноќ поскапуваат за половина денар, додека цената на бензинот еуросупер БС-98 останува иста.
Јан 23, 2023
Неовластено изградил семејна куќа
Охриѓанец доби кривична за бесправно градење
Кривична пријава против 75-годишен охриѓанец кој на катарстарска парцела во Охрид, без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен општински орган, неовластено изградил индивидуална семејна куќа.
Јан 23, 2023
Хотелско угостителски сектор
И оваа сезона Хрватска ќе го земе стручниот кадар од земјава
И оваа сезона стручниот кадар од хотелско угостителскиот сектор ќе замине на работа во Хрватска. Охрид и Струга се соочуваат со недостиг на готвачи, салатери и келнери, кои масовно заминуваат странство, а угостителите во туристичките центри остануваат без обучениот кадар. Причина за заминувањето на сезонска работа прво се двојно или тројно повиските плати, а потоа и подобрите услови за работа.
Јан 23, 2023
Орално здравје
Maл број деца без кариес
Опаѓа кеп индексот во урбаните средини.. Се намалува и искривувањето на забите кај децата , информираат стоматолозите од примарното здравство.
Јан 23, 2023
Правосуден систем
Бавна еколошка правда за струшката депонија
Речиси две години се одлучува за судската надлежност по тужбата за струшката дива депонија. Тужените, Министерството за животна средина, општина Струга и комуналното претпријатие сметаат дека судот во Струга е ненадлежен и бараат тужбата да се офрли. Тужителите пак сметаат дека се работи за оддолговлекување на постапката што потенцијално може да доведе и до нарушување на правото на судење во разумен рок.
Јан 23, 2023
Старт-ап центар
Официјално отворање на Касарна Хаб со присуство на 17 амбасадори од ЕУ земји
Досега спрoведени се 35 настани со преку 700 посетители, остварени се соработки со над 20 граѓански организации, компании, универзитети и средни и основни училишта.
Јан 23, 2023
Клуб за потрага по исчезнати лица
Со помош на ПСС изградени боксови за кучињата од клубот Куче Спасител
Со тоа добивме подобри услови за чување на кучињата кои во моментов се обучуваат за потрага по исчезнати лица во планински предели, велат од клубот „Куче Спасител“ Охрид.