Skip to main content
Јан 26, 2023
Црвен крст охрид
Вкупно 600 семејства, односно околу 2 500 луѓе од Охрид и Дебрца добиваат помош од Црвениот крст Охрид. Поскапувањето на електричната енергија и енергенсите ги примораа социјално загрозените граѓани да бараат и помош за огрев. Од Црвениот крст Охрид апелираат до општествено одговорни компании и хумани граѓани кои имаат можност да донираат за помош на социјално загрозените граѓани.

Јан 26, 2023
Несреќа
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера меѓу товарно и патничко возило на магистралниот пат Охрид – Струга, во близина на бензинска пумпа.

Јан 26, 2023
Утре отворање на понудите
Како што објави Министерството за транспорт и врски, овој јавен повик е различен од претходните и на него можат да се изберат повеќе авиокомпании.

Јан 26, 2023
Национална и универзитетска библиотека
Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик го изготвија Министерството за култура и Советот за македонски јазик.

Јан 26, 2023
Дел од француските гастрономски вештини претставени пред учениците на ОУТУ „Ванчо Питошески“, како и пред професорите и струдентите на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Исто така претставниците од колеџот „Жеси де Форест“ од Авен сур Хелп, Република Франција разговараа за реализација на идни проекти и нови мобилности во Франција на студенти и ученици од двете образовни институции.

Јан 26, 2023
Здружение на новинари на македонија
Слободното новинарство постои за граѓаните и за заштита на јавниот интерес, се вели во соопштението на Младен Чадиковски.

Јан 25, 2023
Градски систем за велосипеди
Општиот пораст на цената на материјали и предмети ја успорува и реализацијата на делови од проектот Охрид Гоу. Општината ќе ја надополни празнината помеѓу предвидените и зголемените цени. Формирање градскиот систем на велосипеди, изградба на адреналински парк и пам ап трака ќе значат нова туристичка понуда чија реализација се очекува да започне во летниот период.

Јан 25, 2023
Министерство за здравство
Изработена е листата на пациентите со ретки болести во земјава, а Министерот за здравство оптимист, се надева дека овие пациенти годинава навреме ќе ја добијат и терапијата потребна за нивно лекување. Министерот објасни дека поради растечкиот број на пациенти и годинава зголемен е и буџетот за набавка на потребните терапии за третирање на пациентите со ретки болести.

Јан 25, 2023
Нов одговор
Поправен извештај на ЈП „Градски пазар“ за исплата на средства на медиуми.