Фев 22, 2023
Министерство за транспорт и врски
Во март ќе биде објавен нов повик за субвенционирани летови
На почетокот на март треба да биде објавен нов повик за субвенционирани летови од двата аеродрома во државава за период од 2023-та до 2025-та година. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска во Охрид кажа дека условите остануваат исти, но дека ќе бидат разјаснети некои дилеми кај понудувачите со цел вториот повик да биде успешен. Додаде дека јавниот повик ќе се објави во согласност со политиките на фер и конкурентски услови, согласно регулативата на Европската Унија. На претходниот повик, се пријавија авиокомпаниите „Визер“, „Луфтханза“ и „Ејгиан ерлајнс“, но поради нецелосна документација истиот беше поништен.
Фев 22, 2023
Хотам
Хотам сака соработка со стручните училишта
Поддржуваат младите да добиваат стимулација за обавување практична работа за да стекнат поголемо искуство и знаење. За тоа бараат поддршка од државата.
Фев 22, 2023
Агенција за цивилно воздухопловство
Потпишана Меѓународна спогодба за спасување во воздухопловство
Агенциите за цивилно воздухопловство на Македонија, Србија, Словенија и Црна Гора денеска во Охрид потпишаа Спогодба за потраги и спасување како дел од заедничките операции на земјите од регионот во цивилната авијација. Ваков вид на меморандум е прв во Европа. Оваа година Македонија го презема претседавањето со Регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство.
Фев 22, 2023
Зелен институт
Дебата за климатски промени, животна средина и родова перспектива во Струга
Дебатата „Климатски промени, животната средина и родовата перспектива“ е дел од проектот „Родова зелена лупа“.
Фев 22, 2023
Јп охридски комуналец
Се расчистува дива депонија кај Градинар
Количествата на расфрлан кабаст отпад, градежен шут и друг отпад се енормни, па активностите ќе се реализираат и во наредните денови, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Фев 22, 2023
Цивилна авијација
Во Охрид потпишана спогодба за потраги и спасување во воздухопловството
Со Спогодбата се зајакнува меѓусебната соработка на ниво на Агенции во градење, развој на капацитети, размена на искуства и знаења, подобрување на оперативната прекугранична соработка.
Фев 22, 2023
Свр охрид
Во Охрид приведен битолчанец баран по централна потерница
Битолчанец баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда” е приведен во Охрид.
Фев 22, 2023
Општина охрид
Презентиран каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбана опрема
На презентацијата присуствуваа сопственици на угостителски објекти, занаетчии, сместувачки капацитети, трговци, туристички работници и останати субјекти кои ја обавуваат својата дејност во стариот дел на градот и охридската чаршија.
Фев 22, 2023
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството
Исплатени субвенциите за градинарско производство
По лозаропроизводителите и полјоделците, ја исплаќаме и финансиската поддршка за градинарите. Во следните денови продолжуваме со исплата на останатите мерки од растителното и сточарското производство, истакна директорот Бачовски.
