Skip to main content
Јан 17, 2023
Зајакнување на ротаријанското движење
На состанокот се разговараше за тековните работи и идните планови и активности во насока на реализација на проекти од важност на заедницата, како и зајакнување на Ротаријанското движење во Македонија.

Јан 17, 2023
Прифатилиште за бездомни кучиња
Струга изработи проект за изградба на прифатилиште за бездомните кучиња, но бара помош од државата за негова реализација. Струшкиот градоначалник вели општините се немоќни за решавање на овој горлив проблем на граѓаните. Граѓаните гневни и револтирани велат секојдневно има напади од агресивни бездомни кучиња.

Јан 17, 2023
Водици
Во пресрет на Водици двајца сликари аматери го насликале мотивот од најпознатото дело на големиот сликар Леонардо да Винчи на објект каде што ќе се слави празникот. Празнувањето на Водици во Пештани има долга традиција, а мештаните го прославуваат со посебна возбуда во 8 те кумства или како што тука се наречени колој.

Јан 17, 2023
Државен пазарен инспекторат
Постојани инспекциски надзори и изречени санкции за охридски трговци. Државниот пазарен инспекторат продолжува со инспекциски надзори по одлуката за посебни услови во трговијата се додека таа е на сила до 30 април 2023 година. Забележително е благо намалување на цените на основните прехрамбени продукти во јануари, се очекува тој тренд да продолжи.

Јан 17, 2023
Сообраќајни мерки
Поднесени платни налози за 8 возачи во Струга, кои извршиле престигнување на непрегледни и места каде со сообраќаен знак тоа е забрането.

Јан 17, 2023
Улица маршал тито
Малолетно лице каснато од куче скитник на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Случајот во ОВР Струга го пријавила мајката на малолетникот.

Јан 17, 2023
Куќа на уранија
Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи, е насловот на единаесеттото издание на меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2023“.

Јан 17, 2023
Финансиска поддршка
Во четврток 19-ти јануари истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка за нови авиолинии, што на крајот на минатата година го објави Министерстото за транспорт и врски. Јавното отворање на барањата ќе се одржи в петок, 20-ти јануари, во 12:00 часот, а на повикот ќе можат да се изберат повеќе авиокомпании.

Јан 17, 2023
Кривична пријава
Поднесена кривична пријата против 56-годишен жител на Струмица кој поттикнувал говор на омраза на социјалната мрежа фејсбук.