Skip to main content
Јан 19, 2023
Неговите најблиски молат за помош
Фадил исчезнал со неговиот автомобил голф 5 со регистрација OH131BS. Неговите најблиски молат за помош, а доколку имате било каква информација, јавете се на телефонскиот број 072573364.

Јан 19, 2023
Нарушен јавниот ред и мир
Нарушен е јавниот ред и мир во зграда на ул. Ванчо Николески, со физички напад извршен од 40-годишен охриѓанец кон двајца сограѓани.

Јан 19, 2023
Семејно насилство
43-годишен охриѓанец е лишен од слобода поради тоа што во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал својата сопруга.

Јан 19, 2023
Богојавление Водици 2023 година
Голем беше предизвикот за екипите на Црвениот крст во обезбедување при денешното положување на Светиот крст во водите на езерото. Медицинските екипи, спасителите на вода и нуркачите имаа преку 20 интевенции, што на вода, што во на копно. Успешно беше спроведена и традиционалната крводарителска акција „ Една капка може да промени се “.

Јан 19, 2023
Расте бројот на заболени од грип во Охрид. Според матичните лекари, симптомите со кои најчесто се јавуваат пациентите се силна болка во грлото, малаксаност и висока температура. Погодени се сите возрасти, од млади до повозрасната популација. Кај децата сега стагнира болеста, бидејќи се на распуст.

Јан 19, 2023
Богојавление водици
Јован Рафтоски го фати светиот крст во Струга. После неколку обиди, оваа година среќна за Рафтоски. Голем број верници традиционално и во соседна Струга го одбележаа големиот христијански празник Богојавление, Водици.

Јан 19, 2023
Водици 2023
Силниот јужен ветар и високите бранови не ги попречија верниците да скокнат по светиот крст. Исто така, силниот ветер не ги спречи охриѓани и гостите да присуствуваат на манифестацијата.

Јан 19, 2023
Нуркачки центар амфора
Воедно тие ги пратат навиките на пастрмките и ги документираат со подводни фотографии и видео материјал, а со единствена цел заштита на популацијата на Охридската пастрмка.

Васко Довлев
Јан 19, 2023
Богојавление водици
И покрај силниот ветер и големите бранови во Охридското езеро стотици верници скокнаа во студените езерски води да го фатат положениот крст. Најсреќен меѓу капачите беше Васко Довлев кој го фати Светиот крст.