Јан 19, 2023
Богојавление Водици 2023 година
Бројни интервенции, Црвен Крст на висина на задачата
Голем беше предизвикот за екипите на Црвениот крст во обезбедување при денешното положување на Светиот крст во водите на езерото. Медицинските екипи, спасителите на вода и нуркачите имаа преку 20 интевенции, што на вода, што во на копно. Успешно беше спроведена и традиционалната крводарителска акција „ Една капка може да промени се “.
Јан 19, 2023
Расте бројот на заболени од грип
Расте бројот на заболени од грип во Охрид. Според матичните лекари, симптомите со кои најчесто се јавуваат пациентите се силна болка во грлото, малаксаност и висока температура. Погодени се сите возрасти, од млади до повозрасната популација. Кај децата сега стагнира болеста, бидејќи се на распуст.
Јан 19, 2023
Богојавление водици
После неколку обиди, оваа година среќна за Јован Рафтоски
Јован Рафтоски го фати светиот крст во Струга. После неколку обиди, оваа година среќна за Рафтоски. Голем број верници традиционално и во соседна Струга го одбележаа големиот христијански празник Богојавление, Водици.
Јан 19, 2023
Водици 2023
Охриѓанецот Довлев е фаќач на крстот
Силниот јужен ветар и високите бранови не ги попречија верниците да скокнат по светиот крст. Исто така, силниот ветер не ги спречи охриѓани и гостите да присуствуваат на манифестацијата.
Јан 19, 2023
Нуркачки центар амфора
(ВИДЕО) Мрестот на охридската пастрмка-Исконски ритуал
Воедно тие ги пратат навиките на пастрмките и ги документираат со подводни фотографии и видео материјал, а со единствена цел заштита на популацијата на Охридската пастрмка.
Јан 19, 2023
Богојавление водици
Васко Довлев го фати Светиот крст во Охрид
И покрај силниот ветер и големите бранови во Охридското езеро стотици верници скокнаа во студените езерски води да го фатат положениот крст. Најсреќен меѓу капачите беше Васко Довлев кој го фати Светиот крст.
Јан 19, 2023
Празнување
Денеска е Богојавление Водици
Денеска, 19-ти јануари според Јулијанскиот календар се прославува празникот Богојавление Водици, денот на кој Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
Јан 18, 2023
Водици
Исчистени локациите каде што ќе се фрла Светиот крст во Дебрца
Денеска се средуваа неколку локации низ Општина Дебрца каде што ќе се фрла Светиот крст по повод празникот Богојавление Водици.
Јан 18, 2023
Потпишани договори
Македонија ќе воспостави европски систем за управување со цврст отпад
Република Македонија за првпат ќе воспостави регионални системи за управување со цврст отпад по европски стандарди. Средствата ги обезбеди Министерството за финансии, а проектот ќе се имплементира преку Министерството за животна средина и просторно планирање.
