Јан 12, 2023
Закони за заштита на животни има, но никој не ги спроведува
Закони за заштита на животните во земјава има, но тие не се спроведуваат. После масакрот на десеттина кучиња во Струга активистите бараат надлежните институции да преземат итни мерки за хуман третман на уличните кучиња. Пратениците од Струга велат, власта нема волја да го реши проблемот кој се провлекува со години.
Јан 12, 2023
Трчање
Планински шампионски височини
Дејан Ангелоски, охриѓанецот кој ги руши своите резултати и поставува нови рекорди во планинско трчање, не мирува ниту во зимскиот период. Со десеттина тренинзи неделно, со минимум шеснаесет километри на ден, се подготвува за Балканското првенство кое ќе се одржи во Никшиќ, Црна Гора.
Јан 12, 2023
Пчеларство
Пчелите не се домашни животни
Со посветена работа на пчеларите нема да се одразат негативните влијание на глобалните климатски промени врз опстанокот и приносите на пчелните друштва. Едуцираните пчелари ќе го спречат уништувањето на пчелните семејства, вели Ицко Китанчев, пчелар со долгогодишно искуство.
Јан 12, 2023
Најнов извештај
СБ го корегира на 2,4 проценти растот на македонската економија за годинава
Во најновиот Извештај за глобални економски перспективи, Светската банка прогнозира раст на македонската економија од 2,4 проценти годинава.
Јан 12, 2023
Национална опера и балет
Вечерва и утре Гала оперски концерт по повод Василица
Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот Василица, вечерва и утре со почеток во 20 часот во Националната опера и балет.
Јан 12, 2023
Капитален проект вреден 47 милиони денари
Мицкоски : Ќе почне изградбата на плоштадот Крушевска Република
Мицкоски најави дека ќе започне изградбата на плоштадот „Крушевска Република”, капитален проект вреден 47 милиони денари.
Јан 12, 2023
Поема коњски житија
Зоран Анчевски добитник на наградата Григор Прличев
Од 11-те пристигнати на Конкурсот распишан од НУ Центар за култура „Григор Прличев“, жири комисијата едногласно ја одбра поемата „Коњски житија“.
Јан 12, 2023
Вевчани ги чека гостите
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
СУРАТИТЕ се спремни за дефилето на 13-ти јануари. Бината е наместена и на 12-ти и 13-ти на сцена се МУЗИЧАРИТЕ, велат организаторите на Вевчанскиот карневал.
Јан 12, 2023
Онлајн плаќање
Електронска наплата на сметките и фактурите во Комуналец
Услугата е достапна 24/7 па на тој начин се избегнува закаснетото плаќање и се избегнуваат каматите, се заштедува време и енергија, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.