Јан 11, 2023
Агенција за промоција и поддршка на туризмот
Бројот на странски гости 55%, домашни 45% во првите 10 месеци
Од АППТ информираат дека 55% е бројот на странски туристи во првите 10 месеци во Македонија за 2022 година, 45% се домашните туристи.
Јан 11, 2023
Дигитална мапа за појасите на трска долж Охридското крајбрежје
Се работи за дигитална интерактивна мапа на која се обележани појасите на трска на крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од с. Подмоље до манастирскиот комплекс Св. Наум Охридски (на територија на Општина Охрид).
Јан 11, 2023
Богојавление Водици -2023 година
Охрид подготвен за празникот Водици
На 19 јануари се очекуваат гости од земјава, а во помал број странски туристи. Скокачите по крстот може да се пријават во секоја парохиска црква, а за забавата на градскиот плоштад ќе се погрижи музичката група Чалгија саунд систем.
Јан 11, 2023
Измени во законот
Агенциите за недвижности предлагаат мерки за стимулирање на пазарот
За стимулирање на пазарот на недвижности потребни се измени во постојната законска регулатива. Агентите предлагаат да се укине забраната граѓаните од регионот и неевропските земји да може слободно да купуваат недвижнини во земјава. Постојните закони им овозможуваат само на жители на ЕУ и САД да купуваат недвижности, а граѓаните од регионот мора да бидат правни лица.
Јан 11, 2023
Извештај
Светска банка предупредува на можна глобална рецесија
Во претходниот Извештај за глобалните економски изгледи, објавен во јуни 2022 година, банката прогнозираше глобален раст во 2023 година од 3,0 проценти.
Јан 11, 2023
Празнична посета на корисниците на програмата Најди време
Покрај тоа што им ги честитаа празниците и им посакаа здравје и среќа, волонтерите ги израдуваа посетените корисници на програмата „Најди време“ со пригодни подароци.
Јан 11, 2023
Свр билтен
Жител на Ливада осомничен дека усмртил 7 кучиња скитници
Жител на струшко Ливада се сомничи дека на улица „Владо Малески” во Струга со ловечка пушка сачмарка усмртил седум кучиња скитници.
Јан 10, 2023
Продолжен распустот
Второто полугодие ќе почне на 23 јануари
Поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците, зимскиот распуст се продолжува до 23-ти јануари.
Јан 10, 2023
Фискални сметки
Од годинава повратот на ДДВ ќе се зголеми на 2100 денари
Правото на враќање на ДДВ се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.