Skip to main content
Јан 18, 2023
Водици
Денеска се средуваа неколку локации низ Општина Дебрца каде што ќе се фрла Светиот крст по повод празникот Богојавление Водици.

Јан 18, 2023
Потпишани договори
Република Македонија за првпат ќе воспостави регионални системи за управување со цврст отпад по европски стандарди. Средствата ги обезбеди Министерството за финансии, а проектот ќе се имплементира преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

Јан 18, 2023
Презентирана работата и активностите
На настанот покрај вработените во ЈУНПГ, присутни беа извршниот директор на PONT Мирјам де Конинг, како и претставници на Планинската Спасителна Служба.

Јан 18, 2023
Касарна Хаб
Охрид треба да биде град кој ќе нуди можности и вработување за младите. Касарната станува лидер во овозможување на простор во кој особено најмладите може да се развиваат иновативни идеи. Локалните власти, младите и бизнис секторот преку заедничка соработка можат овој центар да го направт успешна приказна вели Дејвид Гир, Амбасадорот на Европска Унија.

Јан 18, 2023
Охрид- Водици 2023
Педесеттина светски научници дискутираа на теми предизвик во современото општетсво. Фокусот е на „Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален и регионален развој“.

Јан 18, 2023
Известување
Рокот за аплицирање по конкурсот и јавните повици се продолжува до понеделник 23.01.2023 година до 14 часот, информираат од Општина Охрид.

Јан 18, 2023
Богојавление водици
Се е подготвено за утрешното празнување на Богојавление Водици во Охрид. Од вечерва медицинските тимови на Црвен крст Охрид вршат основни здравствени прегледи на лицата кои ќе скокаат по Светиот крст. За безбедноста на капачите ќе се грижат неколку тимови на спасители на вода, кои ќе бидат распоредени долж градското пристаниште и во спасителни чамци во вода, нуркачки тимови, како и медицински тимови за укажување прва помош со амбулантско возило.

Јан 18, 2023
Црвен крст охрид
На 19-ти јануари од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се реализира традиционалната крводарителска акција „Водици 2023“.

Јан 18, 2023
Јп билјанини извори
Јавното претпријатие „Билјанини Извори” на сите учесници на утрешниот настан им посакува мирно езеро и добро здравје.