Skip to main content
Јан 16, 2023
Се собираат пари за нејзино лекување
Невладината „Хумани стружани” собира финансиски средства за лекување на повредена жена од Албанија, која живеела во Струга, откако пред неколку денови беше прегазена и оставена на пешачки премин. Возачот не укажал помош, избегал, а повредената во критична состојба е хоспитализирана. Трошоците за нејзиното лекување растат, ќе треба уште една операција. Од СВР Охрид велат, се работи на расчистување на случајот.

Македонски ракометари
Јан 15, 2023
Ракомет
Македонските ракометари вечерва ќе го одиграат вториот натпревар на Светското првенство, а противник ќе им биде екипата на Холандија.

Јан 15, 2023
Соопштение
Левица остро реагира за состојбата на работниците во Јавното претпријатие, чии семејства се оставени без приходи за време на големите верски празници, за време на економска криза.

Јан 14, 2023
Пронајдена и одземена марихуана
Од МВР информираат дека е приведен 33-годишен охриѓанец, откако полицијата кај него пронашла и одзела марихуана.

Јан 14, 2023
Манифестација
Амбасадорот Дејвид Гир го доживеа звукот на зурлите и тапаните, различните маски, персонификации и обичаи во еден различен битов амбиент.

Јан 14, 2023
Празнување
Нашиот голман Зураби Цинцадзе беше најсреќниот. Му посакуваме добро здравје и успешна сезона. За многу години, велат од ГРК Охрид.

Јан 14, 2023
Празник
МПЦ и нејзините верници го слават Свети Василиј Велики. 14-ти јануари (први јануари според стариот календар) е празник на Свети Василиј.

Јан 13, 2023
Најбројни се србите
Зголемувањето на бројот на туристи главно го прават странските гости со 84,5 отсто. Кај домашните туристи бројот е зголемен за 6,2 отсто.

Јан 13, 2023
Во Вевчани карневалско лудило. Зурли, тапани, ора и стотици маски продефилираа по вевчанските улици. Во фокусот на карневалот беше енергетската и економската криза, европската интеграција на земјава, преговорите со Бугарија, војната во Украина. Првиот човек на општина Вевчани ја повика јавноста да не замерува за маските, бидејки василичарите немаат намера да навредат никого ни по верска, ни по национална основа.