Skip to main content
Дек 23, 2022
Завршна изложба
Новогодишниот концерт на Националниот ансамбл „Танец“ ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет.

Дек 23, 2022
Министерство за труд и социјална политика
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божик.

Дек 22, 2022
Седница на совет
Административците од Јавното претпријатие Нискоградба Охрид ќе бидат префрлени и ќе работат во комплексот Касарна. Градскиот совет денеска ја изгласа одлуката за времено отстапување на простории на претпријатието во единствената функционална зграда во Касарна и покрај реакциите и ставот на младинските организации дека ваквата одлука ќе го наруши концептот и визијата за комплексот.

Дек 22, 2022
Дисеминациска сесија
Дисеминациската сесија ја одржаа Весна Терзиоска, потпретседател на Црвен крст Охрид и Љупчо Милкоски, долгогодишен волонтер на Црвен крст Охрид.

Дек 22, 2022
Сметки по електронски пат
Со активирање на оваа услуга ќе ги добивате Вашите месечни сметки и фактури брзо и навремено, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Дек 22, 2022
Долг од над три милиони евра
Струшката болница и покрај милионските долгови непречно функционира. Изминатава година зголемен е бројот на пациенти, оперативни зафати и интервенции на сите оддели. Од менаџментот велат се штеди електрична и топлинска енергија и се враќаат долгови.

Дек 22, 2022
Седница на совет
Буџетот на Општина Охрид за 2023 година тежок околу 640 милиони денари или 10,5 милиони евра. За позицијата во градскиот совет тој е развоен и реален, а според опозицијата има намалување во однос на нацрт верзијата. Граѓаните и во 2023 не можат да очекуваат реализација на поголемите ветени проекти.

Дек 22, 2022
Локална манифестација
Да се зачува традицијата која не е величење на пепелта туку одржување на огнот, е пораката од „Купувај локално“.Настанот е во рамки на проектот на Локалната самоуправа, а го организираше Студентското собрание при ФТУ. Манифестацијата која се одржа во факултетот наиде на голем одѕив кај локалните производители кои се борат да ги зачуваат традиционалните производи но и кај граѓаните.

Дек 22, 2022
Слатка среќа
Собирната акција трае до 26-ти декември, а кутиите за донации се поставени на влезот од охридската гимназија.