Дек 29, 2022
Национална опера и балет
Традиционален Гала оперски концерт по повод Василица 2023
Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ ќе се одржи на 12-ти и 13-ти јануари со почеток во 20 часот.
Дек 29, 2022
Блокада на патот струга дебар
Масовни протести во Лабуништа
Лабуништани денеска на масовни протести, го блокираа патот Струга-Дебар. Повторно го кренаа гласот против каменоломите во селото, кои од септември ја активираа механизацијата. Револтираните жители тврдат дека една третина од населението во Лабуништа има респираторни заболувања поради штетните честички и правот кој го вдишуваат.
Дек 29, 2022
Економско-енергетски повластици
Поевтинува струјата за занаетчиите
Малите занаетчии, бербери, фризери, кројачи, шивачи, автомеханичари и други мали фирми, занаетчии, од идната година ќе плаќаат поевтина струја. Владата ги прифатила барањата на занаетчиската комора за категоризирање од индустриска во електрична енергија за домаќинствата со цел поддршка на микро, малите занаетчии, сè додека трае кризата. Дополнително периодов Занаетчиската комора работи на намалување на давачките со цел овозможување подобри услови и стабилизирање на работата на занаетчиите и справување со економско енергетската криза.
Дек 29, 2022
Дочек на нова година
Јаневски : Недостасуваат организирани новогодишни програми во туристичките центри
Недостасуваат организирани новогодишни програми во туристичките центри. За новогодишните празници најбројни ќе бидат домашните гости, како и туристите од соседството, од Србија, Бугарија, Грција и Албанија.
Дек 29, 2022
Завод и Музеј – Охрид
Времето ги нагризува музејските објекти
Во 2023 година потребна е санација на спомен куќата на Григор Прличев и кровната конструкција на Ранохристијанската базилика на локалитетот Плаошник. Годинава, се санираа објектите музеј на Куќата на Робевци и Куќата на Христо Узунов.
Дек 29, 2022
Зголемување на свеста кај населението
Последици од користење на петарди
На основците им беа прикажани можните последици од неправилното користење на петарди за новогодишните празници.
Дек 29, 2022
Реагираат жителите
Патеката кај плажите во Далјан со години оставена во лоша состојба
Дали е ова сликата која треба да ја видат гостите кои за претстојните Новогодишни и Божикни празници, според најавите, ќе бидат во голем број? Дали и кога, Локалната самоуправа на град Охрид и градоначалникот Пецаков ќе преземат мерки за реновирање на рекреативната патека која ја користиме секојдневно?, прашуваат жителите.
Дек 29, 2022
Ефекти на кризата
Кризата низ призмата на родовата еднаквост
Жени и девојки, потребна ни е вашата помош за да ги истражиме ефектите од енергетската и економската криза врз животот и животниот стандард со акцент на вашата положба во семејството и заедницата.
Дек 29, 2022
Ни трага ни глас веќе седум дена
Продолжува потрагата по исчезнатото лице од Крушево
Станува збор за маж на 64-годишна возраст кој боледува од деменција. Облечен е во црни тренерки и црна блуза и носи очила.