Skip to main content
Дек 21, 2022
Кривична пријава
Лице од Шпанија со привремено живеалиште во Охрид доби кривична пријава поради „фалсификување или уништување деловни книги”.

Дек 21, 2022
Центар за култура григор прличев
Градоначалникот Пецаков истакна дека културниот настан е резултат на повеќе месечната соработка за презентација на Шпанската култура во Охрид.

Дек 21, 2022
Купувај локално
Фестивалот има за цел да ги презентира локалните производители на храна, рачни ракотворби и други уникатни производи кои се автентични за ова поднебје.

Дек 21, 2022
Снегулка
„Снегулка“ е насловот на новата новогодишна песна на охриѓанецот Александар Петрески и Марија Цветановска, наменета за најмладите.

Дек 21, 2022
Анкета твм
Општина Охрид иднава година ќе го поддржи работењето на Младинскиот центар со повеќе средства од претходната, а ќе ги финансира и проектите на советот и собранието на млади. Од Секторот за спорт, млади и невладини организации во претстојната година очекуваат поголема активност на младинските тела, локалниот совет и собранието на млади, во поглед на активност, предлози и реализација. Младите кои одговорија на Анкета на ТВМ имаат забелешка за достапноста и транспарентноста на општината со информации кои директно ги засегаат. Од локалната велат дека во иднина ќе се интензивира комуникацијата преку општинскиот службеник за млади.

Дек 20, 2022
Лишен од слобода
Лишен од слобода 28-годишен охриѓанец. Во неговото возило „фолксваген голф”, полицијата пронајде мариухана.

Дек 20, 2022
Авиосообраќај
Авиопревозниците ќе добиваат по 4,5 евра од охридскиот и 7 евра од скопоскиот аеродром по патник во заминување. За разлика од претходно ќе можат да се изберат повеќе авиокомпании за којшто се предвидени 1,1 милион евра.

Дек 20, 2022
Свр охрид
Кривична пријава против 32-годишен охриѓанец за сторено кривично дело узурпација на недвижности, информираат од СВР Охрид.

Дек 20, 2022
Министерство за транспорт и врски
Предност ќе имаат авиокомпаниите што ќе понудат поголеми воздухоплови, директни линии до поголеми аеродроми и повеќе летови неделно.