Дек 20, 2022
ДСД „Никола Карев“
Студентскиот дом во Охрид ќе се обнови во фази
Зградата стара речиси 6 децении во која е сместен Охридскиот студентски дом, конечно ќе се реконструира следнава година. Фотоволтаици, обнова на електрична опрема, реновирање на санитарни инсталации и безбедносни мерки предвидуваат градежните зафати за рехабилитација и модерниација. Реконструкцијата чија цел е подобрување на средината за живеење и учење за студентите е дел од проект за подобрување на енергетската ефикасност на студентските домови ширум државава што ќе се изведува во неколку фази, што треба да завршат во рок од 3 години.
Дек 20, 2022
Дијамантска сала хотел инекс олгица
Новогодишен концерт на ООМУ Методи Патче
На 21-ви декември во Дијамантската сала на хотелот „Инекс Олгица“, Новогодишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ Охрид.
Дек 20, 2022
Сообраќај
АМСМ известува за состојбата на патиштата
Патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.
Дек 20, 2022
Временска прогноза
Какво време нè очекува до крајот на годината?
За новогодишната ноќ на 31-ви декември ќе имаме облачно време, со температура од 1 до 8 степени. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува со услови за дожд кои наместа ќе преминат и во снег.
Дек 20, 2022
Центар за култура григор прличев охрид
Вечерва започнува изложбата Пикасо можеби јас
Изложбата „Пикасо можеби јас“ започнува вечерва во 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Во 19 часот проекција на шпански филм.
Дек 20, 2022
Црвен крст во соработка со свр охрид
Показни вежби за последици од користење на петарди
Показната вежба во склоп со предавањето на СВР Охрид за штетните ефекти на овие предмети ќе се изведува во сите основни училишта на територијата на општина Охрид.
Дек 19, 2022
Свр охрид
Кривична за охриѓанец кој вршел јавен превоз без лиценца
Кривична пријава против 41-годишен охриѓанец за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”.
Дек 19, 2022
Сообраќајни контроли
Казнети возачи кои управувале возило под дејство на алкохол
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, СВР Охрид ќе ги засили контролите во патниот сообраќај со цел подигнување на сообраќајната безбедност.
Дек 19, 2022
Градежни активности
Се уредува детското игралиште на ул. Јане Сандански
Детското игралиште на ул. „Јане Сандански“ веќе е оградено и се постави бетонска подлога, врз која ќе биде поставена мека подлога.