Skip to main content
Дек 25, 2022
Честит Божиќ
Службите во Општина Охрид ги помешаа Божиќ и Велигден.

Дек 24, 2022
Хуманитарна акција
Благодарение на голем број хумани наши сограѓани, институции, здруженија, поединци, кои се вклучија во оваа хуманитарна акција, преку 70 дечиња кои живеат во социјален ризик од Охрид и Дебрца, денес се израдуваа на подароците и исполнување на новогодишните желби, во рамки на хуманитарната акција „Волшебна елка“.

Дек 24, 2022
Активности
Финансиските средства издвоени за асфалтирањето изнесуваат околу 700 000 денари, а се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Дек 24, 2022
Реакција на дописот од сдсм
Реакција на ВМРО ДПМНЕ Охрид на изнесеното во дописот до медиумите на СДСМ Охрид во која се вели : СДСМ го прикрива криминалот, наместо да се огради од претходната директорка на ЈП „Билјанини извори“.

Дек 24, 2022
Свеченост
Со пригодна свеченост, вчеравечер беше одбележан патрониот празник на ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ и 56 години од неговото постоење.

Дек 24, 2022
Ин мемориам
На 61-годишна возраст, вчера во Загреб почина познатиот хрватски пејач Масимо Савиќ, по битка со рак на белите дробови.

Дек 24, 2022
Инвестициски активности
Од страна на Општина Охрид изработени се проекти за уредување на дворот на гимназијата и реконструкција на дворната ограда. За овие проекти добиено е потребното мислење и одобрение од Завод и музеј, а во тек е тендерска постапка за избор на изведувач.

Дек 23, 2022
Соопштение
На вчерашната седница на Советот на општина Охрид, беа искажани невистини во врска со работењето на ЈП „Билјанини извори“ за наводното неплаќање на ДДВ од страна на претходната директорка Гордана Јованоска“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

Дек 23, 2022
Јп охридски комуналец
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ расчистија дива депонија од градежен шут создадена од несовесни лица во населбата Даљан.