Дек 15, 2022
Заедничко декорирање и украсување на објектот
ООУ Григор Прличев блеска во празничен сјај
Вистинска празничка бајка во ООУ „Григор Прличев“. Пред Нова година ќе има и Новогодишен Базар со хуманитарна цел во вид на хепенинг.
Дек 15, 2022
Кривична пријава
Пронајдени куршуми во домот на охриѓанец
Кривична пријава против 54-годишен охриѓанец кај кого полицијата пронајде 17 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал.
Дек 15, 2022
Солидарност
Хуманитарна акција, топли оброци
Над 80 топли оброци на иницијатива на учениците на Средното угостителско училиште Ванчо Питошески за миг ќе нахранат и усреќат ранливи и социјално загрозени граѓани од Охрид. Учениците под менторство на своите професори во Регионален центар за стручно образование и обука, потпомогнати од волонтерите на Црвен Крст Охрид ќе приготват и достават оброците во рамки на месецот на дарување „Радосен декември“.
Дек 15, 2022
Физички напад
Двајца охриѓани нападнале полицајци
Приведени се двајца охриѓани кои физички нападнале полициски службеници. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дек 15, 2022
Локален пазар
Канцеларија за заштита на потрошувачите во Охрид
Започна да функционира Канцеларија за заштита на потрошувачите во Охрид. Отворањето на канцеларијата е дел од првата двегодишна програма за работа на Советот за заштита на потрошувачи во рамки на локалната самоуправа. Во Програмата 2022-2023 година предвидени се низа активности чија основна цел е подобрување на состојбата со правата на граѓаните како потрошувачи на територија на Општина Охрид.
Дек 15, 2022
Потпишан договор
Ќе се реконструира центарот за кардиологија во Охрид
Со проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – Фаза 2” предвидено е реконструкција на Центарот за кардиологија во Охрид.
Дек 15, 2022
Ин мемориам
Четири години од смртта на градоначалникот Јован Стојаноски
Денес се навршуваат четири години од смртта на проф. д-р Јован Стојаноски, кој во 2017 година беше избран за Градоначалник на Општина Охрид од редовите на СДСМ.
Дек 15, 2022
Општина дебрца
Заврши санацијата на влезниот дел од училиштето во Оровник
Вкупната вредност на работите изнесува 693.014 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината.
Дек 15, 2022
Градска библиотека
Денес промоција на книгата Во душата на немиот свет
Книгата за деца „Во душата на немиот свет“ од Даниела Илијоска ќе биде промовирана денеска во охридската библиотека, со почеток во 12 часот.