Јан 14, 2023
Празник
Денеска се празнува Свети Василиј Велики
МПЦ и нејзините верници го слават Свети Василиј Велики. 14-ти јануари (први јануари според стариот календар) е празник на Свети Василиј.
Јан 13, 2023
Најбројни се србите
Бројот на странски туристи зголемен за 84,5 отсто
Зголемувањето на бројот на туристи главно го прават странските гости со 84,5 отсто. Кај домашните туристи бројот е зголемен за 6,2 отсто.
Јан 13, 2023
Започна карневалското лудило во Вевчани
Во Вевчани карневалско лудило. Зурли, тапани, ора и стотици маски продефилираа по вевчанските улици. Во фокусот на карневалот беше енергетската и економската криза, европската интеграција на земјава, преговорите со Бугарија, војната во Украина. Првиот човек на општина Вевчани ја повика јавноста да не замерува за маските, бидејки василичарите немаат намера да навредат никого ни по верска, ни по национална основа.
Јан 13, 2023
Балкански ерусалим
Убавините на Охрид во репортажа на ЕРТ Грција
Убавините и туристичките потенцијали на Охрид, беа презентирани во репортажа на националната телевизија ЕРТ во Грција.
Јан 13, 2023
Анимација, едукација и инклузија
Креативен и Медија клуб за младите во Охрид
Поттикнување и активно вклучување на младите во заедницата е главниот фокус на годишната програма на Младинскиот Центар Охрид. Акцент ќе се стави на младинското учество, неформалното образование, информирање, вработување и култура. За таа цел се формираат волонтерски креативен и медија клуб, преку кои младите ќе можат да творат, да се изразуваат и да ги подобруваат своите животни вештини.
Јан 13, 2023
Агенција за храна и ветеринарство
Се повлекуваат сетови од бамбус
Агенцијата за храна и ветеринарство издаде решение за повлекување на чаши, чинии и чинии со прегради, увезени од Франција. Производите не се во согласност со одредбите на Правилникот за посебни барања за безбедност на пластични материјали и производи кои доаѓаат во контакт со храна.
Јан 13, 2023
Заеднички појадок
Традиционална прослава на Василица во Општина Охрид
Вработените си посакаа желби за добро здравје, среќна и бериќетна година, успех во работата и напредок на Општина Охрид.
Јан 13, 2023
Министер за образование и наука
Ќе се реконструираат 8 студентски домови меѓу кои и охридскиот
25 милиони евра за реконструкција на студентските домови во државава, меѓу кои и студентскиот дом „Никола Карев“ од Охрид. Проектот е финансиран од Германска развојна банка.
Јан 13, 2023
Василица одбележана во Општина Дебрца
Според стариот обичај, од баничката секој добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година.