Skip to main content
Дек 10, 2022
Охридско струшко крајбрежје
Половина од хотелските капацитети на охридско-струшкото крајбрежје ставија клуч на врата. Хотелскиот сектор не доби помош од државата. Одговорот од владата е дека барањето за финансиска поддршка од ХОТАМ, поради енергетската криза и превисоките сметки за електрична енергија, кои е невозможно да се сервисираат, се разгледува. Поголемиот дел од вработените во хотелскиот сектор се на 70% плата, дел се испуштаат, бидејќи има хотели кои не се во состојба ниту да поделат плата и покрај тоа што затвориле.

Дек 9, 2022
Национален парк Галичица
Националниот парк Галичица започнува со својата најнова интерактивна програма Граѓанска наука. Заинтересираните граѓани кои често ја посетуваат Галичица, од овој месец ќе имаат можност доброволно да се вклучат и да придонесат во збогатување на податоците, да помагаат во спроведување на научни истражувања за што претходно ќе добијат обуки и насоки од вработените во паркот.

Дек 9, 2022
Основно јавно обвинителство – Струга
Отворен е предмет за надрилекарство и за злоупотреба на службена должност на директорот и на Комисијата за селекција при вработување. Во текот на истражувањата за случајот во кој лице работело како лекар 4 години без диплома и лиценца , ОЈО дошло до сознанија и за нови злоупотреби.

Дек 9, 2022
Недела за борба против сида
Црвен крст Охрид спроведе неколку активности во рамки на Неделата за борба против ХИВ/СИДА (1-7.12.2022 година).

Дек 9, 2022
Регионален пат струга дебар
Две охриѓанки се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила на региналниот пат Струга-Дебар.

Дек 9, 2022
Регулаторна комисија за енергетика
Намалувањето е резултат на намалените цени на референтните берзи и намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот.

Дек 9, 2022
Временска прогноза
Од понеделник ќе има заладување што ќе услови врнежите да преминуваат во снег, а во попладневните и вечерните часови се очекуваат слаби врнежи од снег и на некои пониски места.

Дек 9, 2022
Општина дебрца
Средствата се одобрени од страна на Бирото за регионален развој, од Програмата за развој на селата за 2022 година.

Дек 9, 2022
Волшебна елка
Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони од Новогодишната елка, со цел да ја исполни новогодишната желба напишана во него.