Ное 24, 2022
Јп водовод охрид
Од утрово без вода дел од бул. Туристичка
Прекин во водоснабдувањето на бул. „Туристичка”, на потегот од кружниот тек со ул. „Бистрица” до бензиската Лукоил.
Ное 23, 2022
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Хоспитализиран жител на Велешта со прострелна рана
55-годишен жител на струшкото село Велешта е примен во струшката болница со прострелна рана, информираат од СВР Охрид.
Ное 23, 2022
Екологија
Опасност од излевање на Коселска
Надојдените речни води донесоа отпад за кој орманци бараа да се исчисти пред месец и половина. Денес, од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици не добивме одговор зошто се доцни и кога ќе се исчисти ова речно корито.
Ное 23, 2022
Анкета
Активна младина за подобра општина
ТВМ Телевизија во соработка со Младински центар Охрид подготвија Прашалник, со цел, да се идентификуваат одредени проблеми и области во интерес на младите.
Ное 23, 2022
Реконструкцијата чини 3 500 000 денари
Реновиран музејот Д-р Никола Незлобински во Струга
Научно природниот музеј „Д-р Никола Незлобински” во ново руво. Со 3 500 000 денари извршена е реконструкција на покривот, фасадата, дограмата и ентериерно уредување. За следната година се планира промена на витрините на поставките и изградба на галериски простор.
Ное 23, 2022
Иницијатива
Граѓаните одблиску, катна гаража во Охрид
Транспарентност и граѓанска партиципативност во процесот на урбанистичко планирање во делот за изградба на катната гаража во општина Охрид е целта на иницијативата „Граѓаните одблиску, катна гаража во Охрид“. Истата ќе трае шест месеци и ќе ја имплементира Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ Охрид.
Ное 23, 2022
Активности
Реконструкција на игралиштето во Долно Коњско
Вредноста на зафатите изнесуваат околу 230 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Ное 23, 2022
Јп охридски комуналец
Засадени зимзелени садници во ОЕМУЦ
Зимзелени декоративни садници и цветен расад денеска беа засадени во училишниот двор од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Ное 23, 2022
Центар за култура браќа миладиновци
Мултиетнички фестивал Струга 2022
Настанот е во организација на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“, а влезот е по симболична цена од 50 ден. Средствата од влезниците ќе бидат наменети за реновирање на главната сцена во Центарот.