Ное 15, 2022
Кривична пријава
Оружје и муниција пронајдени во Драслајца
Пиштол „Валтер” калибар 9 милиметри и 10 куршуми за ловечка пушка, калибар 16 милиметри се пронајдени кај жител на селото Драслајца. Против него е поднесена кривична пријава.
Ное 15, 2022
Кривична пријава
Двајца стружани извршиле тешки кражби
Со употреба на физичка сила и подесен алат, насилно влегувале во деловни објекти во Струга и противправно одзеле повеќе предмети, информираат од СВР Охрид.
Ное 15, 2022
Цркви во струшко
До крајот на годинава ќе бидат вратени украдените икони запленети во Тирана
По девет години заврши процесот на реституција за украдените икони од земјава запленети во Албанија. До крајот на годинава, 21 икона кои беа однесени при кражби од струшките села, ќе бидат вратени од Тирана. Државата веќе започна и втора постапка за враќање на 40 украдени икони од земјава, кои, албанската полиција, во април годинава, повторно ги заплени во Тирана.
Ное 15, 2022
Медиумски работници
Осуда за нападот на новинарската екипа на ТВ 24 Вести
Нападите врз медиумските работници претставуваат особено сериозни повреди на основните човекови права и слободи кои истовремено го загрозуваат правото на информирање на граѓаните и ја ограничуваат јавната дискусија која е во сржта на секоја плуралистичка демократија.
Ное 15, 2022
Свр
Зголемен бројот на кражби во струшко
Активистите сметаат дека тоа се должи на исклучувањето на јавното осветлување. Се кради во куќи, станови и деловни објекти. Лани на територијата на општина Струга имало 89 тешки кражби. Годинава, заклучно со октомври, регистрирани се 113. Од полицијата велат, зголемена е и откривачката функција, поднесени се 73 кривични пријави.
Ное 14, 2022
Резилиентен мир, глас на младите
Почитувајќи ги разликите до помирување и мир
Со отворени погледи на младите и почитување на различностите постои можност за компромис стабилност и мир. Младите од регионот стојат позади ставот Доволно време градевме мостови во регионот, сега е време за користење на тие мостови. Ајде да преминеме од другата страна на мостот. Ова се првичните впечатоци од Меѓународната конференција Објективот на младите за мир и помирување што деновиве се одржува во Охрид.
Ное 14, 2022
Анализа на твм
Колку пари на медиуми исплатила локалната власт во третото тромесечие?!
ТВМ продолжува со анализата за трансферот на пари од локалната самоуправа и јавните претпријатија кон медиумите. Овој пат, пресметковниот период е за третото тромесечие од годинава.
Ное 14, 2022
Центар за јавно здравје
Во пораст дијабетесот во охридскиот регион
14-ти ноември е Светски ден на борба против дијабетес. Истражувањата покажуваат секој четврти човек во светот ја нема потребната помош за лекување.
Ное 14, 2022
Сектор за внатрешни работи
Дилер на дрога од Струга приведен во Охрид
Во Охрид лишен од слобода е 34-годишен стружанец кај кого се пронајдени капсули, предмети со остатоци од бела прашкаста материја, дигитална вага и др.