Ное 16, 2022
Регулаторна комисија за енергетика
Од полноќ поевтинуваат горивата
Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за 3 денари/л. Бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат 2 денари/л.
Ное 16, 2022
Проекција на Кајмак во Охрид и Струга
Филмот Кајмак утре во Охрид и Струга со премиерни кино проекции. Најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски е љубовна приказна, но истовремено и безмилосна критика на малограѓанското лицемерие, со акцент на индивидуалната слобода.
Ное 16, 2022
Локална самоуправа
Kатната гаража заглавена во бирократски лавиринт
Секторот за урбанизам чека конзерваторско одобрение од охридскиот Завод и музеј. Градоначалникот Кирил Пецаков најавува нејзина изградба од 2023 година.
Ное 16, 2022
Практични примери на терен
Невладините го кренаа гласот против непочитувањето на препораките на УНЕСКО
Невладините од Охрид го кренаа гласот. Со посети на терен, преку практични примери, ќе посочуваат каде не се почитуваат препораките на УНЕСКО. Денес обвинија за непочитување на препораките при изградба на станбен објект за колективно домување на улицата „Јане Сандански”. Велат, се гради на поголема површина од дозволените 50% од градежното земјиште. Од општина Охрид најавија дека утре ќе се произнесат со официјален став во однос на обвинувањата.
Ное 16, 2022
Насилство против одредена личност
Две лица поттикнувале омраза на веб портал
Кривична пријава за две лица. По објавен текст на еден веб портал, постирале коментари со кои промовирале и поттикнувале омраза и насилство против одредена личност.
Ное 16, 2022
Штедиме заедно денес за да имаме утре
Владата со кампања за штедење на струја
Владата преку кампања ќе ги едуцира граѓаните како да штедат струја. Кампањата е под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“.
Ное 16, 2022
Неработни денови
10 продолжени викенди во 2023
Рекордни десет продолжени викенди во наредната 2023 година. Ова се сите неработни денови за идната година.
Ное 16, 2022
Активности
Се асфалтираат улици во Горно Лакочереј
Асфалтираната површина е околу 1000 м2. Вкупната должина изнесува 250 метри, а ширината околу 4 метри. Активностите се одвиваат во рамки на тендерот за асфалтирање на улици во рурални средини.
Ное 16, 2022
Црвен крст охрид
Обука за асистенти на лица со попреченост
17 кандидати успешно ја завршија обуката за лични асистенти на лица со попреченост. Обуката се спроведуваше во изминатите два месеци.