Skip to main content
Ное 7, 2022
Одбележана 78ма годишнина
Градот денеска го чествува херојството и жртвата на младите партизани кои ги положија своите животи на олтарот на слободата во која ние денес живееме. Денот на ослободување на Охрид, 7 ноември свечено одбележан со положено свежо цвеќе пред спомениците на жртвите, културно-уметничка програма и пораки за заедништво и просперитет.

Ное 7, 2022
Младите пак, побараа подобри услови за живот и отчетност на институциите за работата. Ова се дел од пораките кои охридските пратеници ги слушнаа на средбите со караванот „Собрание за граѓаните“ кој денес беше во Охрид.

Ное 7, 2022
Национална опера и балет
„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени.

Ное 7, 2022
Општина охрид
Општина Охрид распишува „Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба“. Творбите треба да бидат доставени најдоцна до 30-ти ноември.

Ное 7, 2022
Вршел јавен превоз без лиценца
Поднесена е кривична пријава против 50-годишен охриѓанец, за сторено кривично дело вршење јавен превоз без лиценца.

Ное 7, 2022
Свр охрид
Четири лица од Скопје биле фатени при користење марихуана во стан во Охрид. Против 22-годишен скопјанец поднесена е кривична пријава, информираат од СВР Охрид.

Ное 7, 2022
Патронат
Делегација од детската градинка положи свежо цвеќе пред бистата „Јасна Ристеска“ во с.Рамне. Дечињата на возраст од 4-5 години под водство на воспитниот тим Ружица Томоска и Габриела Дејкоска се претставија со две стихотворби „Јасна Ристеска“ и „Празникот на мојот град“

Ное 7, 2022
Слободен Охрид
Централната свеченост е закажана за во 12 часот во општина Охрид. Ќе се обратат градоначалникот д-р Кирил Пецаков, пoтпретседателот на Сојузот на борци, Љубиша Машановиќ, а предвидена е и соодветна културно-уметничка програма.

Ное 7, 2022
30 години Охрид е СУПЕР
Приказната започна во ноември 1992 година, веднаш по осамостојувањето на Република Македонија. Со неа растеше и се развиваше, со неа ги помина сите проблеми кои го следеа во растењето, со неа стигна до 30. година од постоењето.