Skip to main content
Ное 16, 2022
Практични примери на терен
Невладините од Охрид го кренаа гласот. Со посети на терен, преку практични примери, ќе посочуваат каде не се почитуваат препораките на УНЕСКО. Денес обвинија за непочитување на препораките при изградба на станбен објект за колективно домување на улицата „Јане Сандански”. Велат, се гради на поголема површина од дозволените 50% од градежното земјиште. Од општина Охрид најавија дека утре ќе се произнесат со официјален став во однос на обвинувањата.

Ное 16, 2022
Насилство против одредена личност
Кривична пријава за две лица. По објавен текст на еден веб портал, постирале коментари со кои промовирале и поттикнувале омраза и насилство против одредена личност.

Ное 16, 2022
Штедиме заедно денес за да имаме утре
Владата преку кампања ќе ги едуцира граѓаните како да штедат струја. Кампањата е под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“.

Ное 16, 2022
Неработни денови
Рекордни десет продолжени викенди во наредната 2023 година. Ова се сите неработни денови за идната година.

Ное 16, 2022
Активности
Асфалтираната површина е околу 1000 м2. Вкупната должина изнесува 250 метри, а ширината околу 4 метри. Активностите се одвиваат во рамки на тендерот за асфалтирање на улици во рурални средини.

Ное 16, 2022
Црвен крст охрид
17 кандидати успешно ја завршија обуката за лични асистенти на лица со попреченост. Обуката се спроведуваше во изминатите два месеци.

Ное 16, 2022
Кривична пријава
Скопјанец изградил три објекти цврста градба и еден базен без соодветна документација, во атарот на Љубаништа кое е заштитено подрачје.

Ное 16, 2022
Шумски појас Мазатар
Забележани се 32 бесправно пресечени букови стебла во одделот 14 на шумскиот појас „Мазатар” кој се наоѓа на планината Галичица.

Ное 16, 2022
Празник
Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот цилклус празници и е поврзан со домашни служби.