Ное 1, 2022
Културно историски споменици
Секој прв ден во месецот бесплатен влез во музеите
Објекти отворени за посета се: Музеј Куќата на Робевци, Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште и Галерија на икони.
Ное 1, 2022
Активности за поставување на подлога
Игралиштето во Велгошти ќе блесне во нов сјај
Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 3 700 000 денари. Средствата се одвоени од буџетот на Општина Охрид.
Ное 1, 2022
Градежни активности
Забрането паркирање на ул. Марко Цепенков
Се забранува паркирање во должина на оваа улица, на потегот од кружната крстосница на пресекот со ул. „Момчило Јорданоски“ до Инфективното одделение при Општа Болница, Охрид.
Окт 31, 2022
Изгласана одлука за формирање на адхок тело
Нема решение за бездомните кучиња во Струга
Општина Струга не ја спроведува одлуката на советниците за формирање на адхок тело за решавање на проблемот со уличните кучиња. Бездомните кучиња во струшко се се побројни и поопасни за граѓаните, секојдневно се регистрирани напади и каснувања. Градоначалникот Мерко вели се работи на решавање на проблемот.
Окт 31, 2022
Успешна бизнис приказна
Масло и путер од лешник МИА
Брендот МИА на семејството Стефаноски од Охрид станува препознатлив и баран од купувачите кои ја ценат здравата храна од локално поднебје. Органските ладно цедено масло и путер од лешник од насади од еколошка чиста средина се само почеток на оваа бизнис приказна. Палетата МИА во иднина ќе се проширува и со други квалитетни и здрави производи од лешник.
Окт 31, 2022
Центар за развој на Југозападниот плански регион
Проектни концепти за подобар живот
Интерес има да се подобри комуналната и патната инфраструктура, пречистување на отпадни води, опремување на центри за децата со посебни потреби, но и предлози за намалување на ефектите од енергетската криза. За оваа намена предвидени се 55 милиони денари од националниот буџет.
Окт 31, 2022
Отворен ден во охрид
Нова кариера во продажба во USA со Slice
„Ги покануваме сите ентузијасти да ни се придружат и да бидат дел од отворениот ден. Потрагата по нови засилувања на тимот за продажба ќе започне со брзи интервјуа. Ажурирајте ја својата биографија и бидете подготвени да ни ги покажете вашите вештини на лице место“, велат од Slice.
Окт 31, 2022
Јп нискоградба
Чистење на цврст отпад од шахти
Ова несовесно однесување на поединци повлекува огромни материјални штети, загрозување на здравјето на луѓето, како и загрозување на животната средина.
Окт 31, 2022
Добива парична награда од 8,5 милиони долари
Македонец стана светски првак во ДОТА 2
Македонецот Мартин Саздов-Сакса стана светски првак во Дота 2 и доби парична награда од 8,5 милиони долари.