Skip to main content
Окт 28, 2022
Лишен од слобода
Во меѓународна операција во Австралија лишени се од слобода 13 лица кои биле припадници на криминални групи поврзани со групата која ја координирал стружанецот, при што била запленета голема количина дрога во вредност од над 10 милиони австралиски долари.

Окт 28, 2022
Респираторни инфекции
Зголемен бројот на респираторни инфекции во охридско-струшкиот регион. На детското одделение во Струга секојдневно се лекуваат по стотина деца, а најкритично е за време на викенди кога нивниот број во просек е 200. Детското одделение во Струга го покрива целиот регион, откако пред една година поради недостиг на педијатри се затвори детското одделение во охридската болница.

Окт 28, 2022
Култура
Автор на краткиот аматерски филм е охриѓанецот Љупчо Паункоски. Меѓународно жири го додели високото признание во силна конкуренција во категоријата кратки документарни, аматерски филмови.

Окт 28, 2022
Општина
Основци од ООУ „Св. Климент Охридски“ денес беа во посета на Општина Дебрца. Нивната посета беше во рамки на предметот Историја и општество. Учениците беа пречекани од градоначалникот Зоран Ногачески.

Окт 28, 2022
Засади желба за поубава иднина
По доделувањето на наградите, претставниците од пензиските друштва заедно со студентите засадија „Пензиски парк“ во дворот на факултетот, како симбол за долгорочните придобивки од секоја денешна постапка направена во вистински правец.

Окт 28, 2022
Атар на селото подмолје
Полициски службеници пронајдоа пресечени 10 стебла дабово дрво со висина од 4 метри кај месноста „Страчка” во атарот на селото Подмолје.

Окт 28, 2022
Кривична пријава
Кривична пријава против 50-годишен охриѓанец и против правен субјект-негова сопственост со седиште во Охрид, за кривично дело, вршење јавен превоз без лиценца.

Окт 28, 2022
Јп охридски комуналец
Во сабота ќе се подигнува зелен отпад во населбите „Горна Влашка маала”, ,,Христо Узунов” и ,,Карабегомаала”. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Окт 28, 2022
Субвенционирана струја
Од страна на Кризниот штаб беше нагласено дека Комората останува доследна на својата определба да им помогне на компаниите на слободниот пазар на електрична енергија.