Skip to main content
Ное 1, 2022
Градежни активности
Се забранува паркирање во должина на оваа улица, на потегот од кружната крстосница на пресекот со ул. „Момчило Јорданоски“ до Инфективното одделение при Општа Болница, Охрид.

Окт 31, 2022
Изгласана одлука за формирање на адхок тело
Општина Струга не ја спроведува одлуката на советниците за формирање на адхок тело за решавање на проблемот со уличните кучиња. Бездомните кучиња во струшко се се побројни и поопасни за граѓаните, секојдневно се регистрирани напади и каснувања. Градоначалникот Мерко вели се работи на решавање на проблемот.

Окт 31, 2022
Успешна бизнис приказна
Брендот МИА на семејството Стефаноски од Охрид станува препознатлив и баран од купувачите кои ја ценат здравата храна од локално поднебје. Органските ладно цедено масло и путер од лешник од насади од еколошка чиста средина се само почеток на оваа бизнис приказна. Палетата МИА во иднина ќе се проширува и со други квалитетни и здрави производи од лешник.

Окт 31, 2022
Центар за развој на Југозападниот плански регион
Интерес има да се подобри комуналната и патната инфраструктура, пречистување на отпадни води, опремување на центри за децата со посебни потреби, но и предлози за намалување на ефектите од енергетската криза. За оваа намена предвидени се 55 милиони денари од националниот буџет.

Окт 31, 2022
Отворен ден во охрид
„Ги покануваме сите ентузијасти да ни се придружат и да бидат дел од отворениот ден. Потрагата по нови засилувања на тимот за продажба ќе започне со брзи интервјуа. Ажурирајте ја својата биографија и бидете подготвени да ни ги покажете вашите вештини на лице место“, велат од Slice.

Окт 31, 2022
Јп нискоградба
Ова несовесно однесување на поединци повлекува огромни материјални штети, загрозување на здравјето на луѓето, како и загрозување на животната средина.

Окт 31, 2022
Добива парична награда од 8,5 милиони долари
Македонецот Мартин Саздов-Сакса стана светски првак во Дота 2 и доби парична награда од 8,5 милиони долари.

Окт 31, 2022
Во Струга ќе се постави спомен обележје-плоча, за гостопримството и благодарноста до стружани. Во 1999 година граѓаните на Косово во најтешките денови се засолнија во струшките семејства и овие спомени ќе се пренесуваат од колено на колено.

Окт 31, 2022
Пензионери
Почна исплатата на октомвриските пензии. Пензионерите кои не користат картички можат да си ги подигнат своите пензии во четири групи.