Skip to main content
Окт 26, 2022
Сообраќајни контроли
При сообраќајни контроли во Охрид, на вонреден технички преглед испратени се 5 возила, а едно возило имало неисправен уред за сопирање.

Окт 26, 2022
ОСУ Св. Климент Охридски
Со проекција на едукативен краткометражен филм „ Депресија“, презентација на уметнички творби на тема Ментално здравје изработени од учениците и дискусии за справување со анксиозност и панични напади, Охридската Гимназија се приклучи кон иницијативата за одбележување на Светскиот ден на менталното здравје.

Окт 26, 2022
Проект „Нови можности за безбеден авантуристички туризам“
Општините добија можности за економски развој. Со реализација на проект за прекугранична соработка со Албанија се формираа тимови за спасување на планина и вода , се набави современа опрема , возила за интервенции во зимски услови, се адаптираа објекти. Проектот го реализираше Црвен крст Охрид во партнерство со општините Дебрца и Грамш од Албанија и Алпинистичкиот клуб Патагонија Охрид, а е финансиран од Европската Унија .

Окт 26, 2022
Присуствуваат претставници на општина дебрца
Темата на оваа конференција е „Меморандум на разбирање за управување со Проширениот прекуграничен Дримски басен“.

Окт 26, 2022
Јп водовод охрид
Улицата „Дејан Војвода“ во Охрид добива нова водоводна линија со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите.

Окт 26, 2022
Драма среде ноќ
Едно возило е целосно изгорено, а седум возила се оштетени од пожар. Се чини дека автомобилот се запалил на паркингот, тргнал и удрил во други автомобили и ги запалил, велат пожарникарите.

Окт 26, 2022
Министерство за труд и социјална политика
Владата им препорача на банките да ја започнат исплатата на пензиите за октомври, во понеделник на 31-ви октомври.

Окт 26, 2022
Претепан до смрт пред дискотека
Продолжува судењето за убиството на ракометарот Денис Тот кој беше претепан до смрт пред дискотека во Скопје. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

Окт 26, 2022
Празник
Денеска е Света Злата Мегленска, пример за саможртва за својата вера. Именден празнуваат: Злата, Златка, Златица, Злате…