Skip to main content
Окт 25, 2022
Помош за украина
Во Загреб започна првиот парламентарен самит на Кримската платформа со порака дека не треба да се запре во давањето помош за Украина.

Окт 24, 2022
Улица кленоец
За случајот со 23-годишниот мигрант од Мароко известен е Јавен обвинител, а лицето е пренесено во транспортен центар за странски државјани.

Окт 24, 2022
Патека која води до плажите горица 3 и славија
Нова еко акција за расчистување на јавни површини одржаа членовите на неформалната иницијатива „Чист Охрид“. Пет преполни вреќи со најразличен отпад се собраа од патеката која води до плажите Горица 3 и Славија.

Окт 24, 2022
Инфраструктура
Со реконструкцијата на старото градско јадро ќе се подобри патната инфраструктура, водоснабдувањето и достапноста до културно историските локалитети. Јавноста со реакција за бавно и нестручно изведување на градежните работи со кои се нарушува автентичноста на старото градско јадро.

Окт 24, 2022
Физички напад
Охриѓанец физички нападнал 26-годишна девојка во близина на казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.

Окт 24, 2022
Превентивна акција на мвр и рсбсп
Министерството за внатрешни и републичкиот совет за безбедност во сообраќајот со превентивна акција за зголемување на безбедноста во сообраќајот во Охрид. На охриѓани и туристите денес тие им поделија едукативно превентивен материјал и низ разговор им даваа препораки за намалување на ризиците во сообраќајот и зголемување на безбедноста.

Окт 24, 2022
Проблем со кој се соочува јп градски гробишта
Недостатокот на гробни места, проблем за ЈП „Градски гробишта“. Претпријатието се соочува со потешкотии во извршувањето на својата примарна функција, велат охридските советници. Градоначалникот објaснува дека за годинава од буџетот не се предвидени средства за експропријација на земјиштето кое граничи со гробните парцели од претпријатието, а кочи и таканаречената замена на земјиште кон која пристапи општината.

Окт 24, 2022
Несреќа
Возилото во кое се превезувале повредените македонски државјани, под засега неутврдени околности излетало од коловозот.

Окт 24, 2022
Оштетени десетици куќи
„Мини торнадо“ погоди делови од Франција додека земјата се подготвува за нови бури кои ќе следат по несезонското топло време.