Ное 1, 2022
12 денови теренско истражување
Мапирање и управување со трската во Охридското езеро
Во периодот од 10.09 – 19.10.2022 година, се снимаа и постпродукциски се обработуваа 8 кратки видеа. Со снимањето опфатени се сите 8 подрачја со трска од с. Подмоље до Св. Наум Охридски (на територија на Општина Охрид). Во видеата се вметнати и податоци од едукативно- информативен карактер. Изработените видеа како краен продукт се пласирани на YouTube каналот на РЗЦ Охрид.
Ное 1, 2022
Црвен крст – Охрид
Социјални пакети за семејствата во ризик
Во кампањата „Недела во борба против гладот“ се обезбедија храна и средства за хигиена за 250 охридски семејства. Бранот на економската криза зафаќа се поголем број семејства на кои им е неопходна помош од заедницата.
Ное 1, 2022
Сторено 21 кривично дело измама
Кривична за две лица од Благоевград
Двајца бугарски државјани извршиле измама на 21 лице од Охрид за над милион денари со пријавување лажни сообраќајни несреќи.
Ное 1, 2022
Проблем при продажба на карти
Центарот за култура со извинување до јавноста
Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид со извинување до јавноста за проблемот кој што настана при продажба на билети за преставата „Секс, лаги и љубомора“.
Ное 1, 2022
Нарушен јавниот ред и мир
Тепачка на улицата Димитар Влахов
64-годишен охриѓанец нападнал 38-годишен сограѓанин на ул. „Димитар Влахов“ во Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ное 1, 2022
Јп охридски комуналец
Акција за кабаст отпад во Пештани и Трпејца
ЈП „Охридски Kомуналец” во четврток ќе организира вонредна акција за подигнување кабаст и зелен отпад во селата Пештани и Трпејца.
Ное 1, 2022
Културно историски споменици
Секој прв ден во месецот бесплатен влез во музеите
Објекти отворени за посета се: Музеј Куќата на Робевци, Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште и Галерија на икони.
Ное 1, 2022
Активности за поставување на подлога
Игралиштето во Велгошти ќе блесне во нов сјај
Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 3 700 000 денари. Средствата се одвоени од буџетот на Општина Охрид.
Ное 1, 2022
Градежни активности
Забрането паркирање на ул. Марко Цепенков
Се забранува паркирање во должина на оваа улица, на потегот од кружната крстосница на пресекот со ул. „Момчило Јорданоски“ до Инфективното одделение при Општа Болница, Охрид.