Окт 20, 2022
Лиз трас
Британската премиерка поднесе оставка
Трас рече дека разговарала со кралот и го информирала дека поднесува оставка како лидер на Конзервативната партија.
Окт 20, 2022
Министерство за здравство
Нови 44 случаи на ковид, 4 починати лица
Направени се 564 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи на КОВИД-19 во земјава, информираат од Министерството за здравство.
Окт 20, 2022
Градежни активности
Затворен за сообраќај крак од ул. Ариф Мустафа
Се упатува молба до граѓаните кои живеат во околните куќи и станбени згради да не минуваат со своите возила на овој потег, во горенаведениот временски период.
Окт 20, 2022
Јп охридски комуналец
Утре затворена за сообраќај ул. Кленоец
Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ по налог на општина Охрид и Комисијата за превземање мерки и активности за отстранување дрва ќе отстрануваат две јасики на ул. „Кленоец“.
Окт 20, 2022
Проект од светска банка
Реконструкција на 3 охридски основни училишта
Tри охридски основни училишта ќе бидат реконструирани со средства од Светска банка. Училиштето во селото Лескоец за најмногу две години, ќе добие спортска сала.
Окт 20, 2022
Обуки за скипери и јакнење на активен туризам
Двочасовна обука за запознавање со едрење на градските пристаништа во Охрид и Струга ќе организира Едриличарската Федерација на Македонија. По извршена селекција пријавените кандидати ќе добијат дополнителни обуки и лиценци со цел во иднина да може да се ангажираат за комерцијално едрење со туристи.
Окт 20, 2022
СВР Охрид
Уапсен бугарски државјанин сo ладно оружје
Полицијата при претрес кај сомнителното лице пронашла два ножа. Неофицијално , момчето било ангажирано да го обезбедува бугарскиот клуб во трговскиот центар Амам кој се отвори во Охрид пред две недели.
Окт 20, 2022
Пет лица повредени
Сообраќајна несреќа во близина на Андон Дуков
Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на автокампот Андон Дуков.
Окт 20, 2022
Промоција на виртуелната реконструкција
Римска гробница од Видобишта
Настанот ќе се одржи на 21.10.2022 година (петок) со почеток од 14 часот во дворот на Културниот центар „Лапидариум“ во Музејската зграда Куќата на Робевци.