Skip to main content
Окт 30, 2022
Приведени двајца албански државјани
Приведени се две лица од Република Албанија. Полицијата кај нив пронашла 139 парчиња охридска пастрмка со вкупна тежина околу 90кг.

Окт 29, 2022
Стрелките ќе се поместат еден час наназад
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Окт 29, 2022
Го поседувал без соодветна документација
Приведен 57-годишен охриѓанец кај кого полициските службеници пронајдоа сигнален пиштол кој што го поседувал без соодветна документација.

Окт 29, 2022
Ти си твојот град
Миење автобуси на сред улица во град, на ул. „Партизанска“ постојано исто цела година. Денес кај Факултетот за туризам и се повторува секој викенд, по 4-5 автобуси се паркираат“, вели М. Божиновска, наша сограѓанка.

Окт 28, 2022
Градежни активности
Нов водовод за потребите на жителите на Куратица. Вредноста на проектот е околу 800 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Окт 28, 2022
Стрелките ќе ги поместиме за еден час наназад
Овој викенд стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад, со што времето во 3 часот ќе се смета за 2, а тоа значи дека започнува зимското сметање на времето.

Окт 28, 2022
Министерство за здравство
Од следната недела започнува имунизација на терен, односно вакцинирање на лица од дом за стари и пациенти во дијализни центри.

Окт 28, 2022
Лишен од слобода
Во меѓународна операција во Австралија лишени се од слобода 13 лица кои биле припадници на криминални групи поврзани со групата која ја координирал стружанецот, при што била запленета голема количина дрога во вредност од над 10 милиони австралиски долари.

Окт 28, 2022
Респираторни инфекции
Зголемен бројот на респираторни инфекции во охридско-струшкиот регион. На детското одделение во Струга секојдневно се лекуваат по стотина деца, а најкритично е за време на викенди кога нивниот број во просек е 200. Детското одделение во Струга го покрива целиот регион, откако пред една година поради недостиг на педијатри се затвори детското одделение во охридската болница.