Окт 20, 2022
Ухмр
Намален водостојот на Охридското езеро
Во споредба со вчера, за еден сантиметар е намален водостојот на Охридското езеро, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Окт 20, 2022
Лишен од слобода
Бугарски државјанин фатен со два ножа во ТЦ АМАМ
22-годишен бугарски државјанин е лишен од слобода откако полициските службеници кај него пронашле два ножа.
Окт 20, 2022
Глигор прличев
Конкурс за избор на најдобра поема
Распишан е конкурс за избор на најдобра поема „Глигор Прличев“ за 2022 година. Конкурсот трае заклучно до 20-ти ноември.
Окт 19, 2022
Одбележан патрониот празник на Ванчо Питошески
Во рамките на одбележувањето на патронатот, во просториите на училиштето беше приреден коктел подготвен од страна на учениците.
Окт 19, 2022
Регионален пат охрид струга
Автомобил се запалил во движење
Автомобил „Форд“ кој го управувал 60-годишен жител на с. Слепче, се запалил во движење на регионалниот пат Охрид-Струга.
Окт 19, 2022
Во тек е ентериерното уредување
Нов Дневен центар за лица со посебни потреби во Струга
Децата со посебни потреби во струшко, добиваат пристојно катче за згрижување и нега. Избрана е локацијата во тек е ентериерно уредување. Дневниот центар ќе биде отворен следниот месец. Ова беше идеја на стружанецот Борова, кој пред две години за оваа благородна иницијатива го преплива Охридското езеро. Сонот се остварува со меѓународни донации и поддршка од општината.
Окт 19, 2022
Електрична енергија
Бектеши: Најголем дел институции штедат струја
Намалена е потрошувачката на електрична енергија од страна на институциите во државава во однос на месец Септември минатата година покажува Анализата на ЕСМ. За оние институции кои не ги испочитувале задолженијата за штедење, Владата дополнително ќе одлучува. Производители на основни прехрамбени производи од 1 декември со фиксна цена за електрична енергија, најави министерот за економија Крешник Бектеши.
Окт 19, 2022
Национален сојуз за планинско спасување
Нова мисија пред планинските спасители
Националниот сојуз за планинско спасување доби меѓународно признание за постигнатите досегашни резултати. Доби покана од Интернационалната комисија за алпинистичко спасување за трансформација на членството во А категорија. Целта на националниот сојуз е примена на меѓународните стандарди на ИКАР на територија на целата држава.
Окт 19, 2022
Празник
Свети апостол Тома
Православните верници денеска го прославуваат светиот апостол Тома. Тој во народот е познат како Томинден, сеќавање на светиот Тома, еден од дванаесетте апостоли кој го ширел Христијанството најпрвин во Палестина, а потоа и во Персија и во Индија каде бил убиен.