Окт 19, 2022
Ураган иан
Зараза со бактерија што јаде месо на Флорида
Инфекцијата може да се случи откако бактеријата, која живее во топла соленикава вода, ќе влезе во телото преку откриени исеченици или рани.
Окт 19, 2022
Претрес
Оружје и дрога пронајдени кај стружанец
При претрес во куќата што ја користел 36-годишен стружанец, пронајдени се две рачни бомби, два куршуми со различен калибар, една воздушна пушка „Гамон“ и ќеса со марихуана.
Окт 19, 2022
Градежни активности
Се асфалтира улицата Будва
Вредноста на овој проект изнесува 7 000 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Окт 18, 2022
Касарна хаб
Презентација на проект на Уне Груаја во Охрид
Организацијата Уне, Груаја (Јас, жената) од Поградец, Албанија, својот проект ќе го претстави во Охрид, пред еколошки здруженија и еколози.
Окт 18, 2022
Енергетска криза
Стружани поднесоа приговор за исклучувањето на јавното осветлување
Граѓани на Струга поднесоа Управен приговор до општината за исклучувањето на јавното осветлување. Бараат да се намалат сметките на граѓаните, кои плаќаат ваква комунална такса. Градоначалникот Мерко, вели не се исклучува целото осветлување. Општината просечно трошела до 2 милиони денари месечно струја, а само за август годинава добиле фактура од 10 милиони денари, што е петкратно повеќе.
Окт 18, 2022
Уметност и едукација
Детска претстава Очи во очи со земјотресот
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во соработка со ОУ „Христо Узунов“ организира едукативен настан за приближување на поимот и феноменот земјотрес прикажан во Центарот за култура Григор Прличев, а насочен за охридско-струшките основци. Театарската претстава „Очи во очи со земјотресот“ на разигран детски начин придонесува за подобро разбирање на самата појава и мерките за заштита од неа.
Окт 18, 2022
Свечена церемонија
Црвен крст Охрид најдобар во Македонија
Охридската организација на Црвен Крст најдобар во Македонија. По 4-ти пат во нивни раце е пехарот како највисоко признание од Националната програма за промоција на хумани вредности. Младите волонтери од Охрид веќе 20 години се активни во оваа програма, носејќи ја униформата на Црвениот крст создаваат проекти и дела за добробит на заедницата и помош на оние на кои им е најпотребна. За нивната посветеност добија признание и честитки од Градоначалникот на Охрид и Генерален секретар на Црвен Крст на Македонија.
Окт 18, 2022
Презентирани резултатите
ЗМАИ : Индекс на отвореност на општините 2021
Здружението за истражувања и анализи го презентираше Извештајот за отвореноста на општинските буџетски процеси за 2021 година.
Окт 18, 2022
Две лица загинаа
Страшна несреќа со балон во Кападокија
За време на спуштањето на балонот, во кој имало 28 патници и двајца членови на екипажот, животот го загубиле двајца шпански државјани.