Окт 14, 2022
Општина дебрца
Зајакнување на општинските совети
Првата обука се одржува денес и утре во Струмица, а на истата присуствуваат и членови на советот на општина Дебрца.
Окт 14, 2022
Речно корито
Орманци стравуваат од излевање на Коселска река
Несовесни сопственици на имоти фрлиле исечени гранки во коритото на Коселска река. Дополнително на тоа и неисчистената вегетација ја зголемува можноста за излевање и поплавување на околното земјиште. Жителите стравуваат од можни поплави во сезоната на дождови. Реагираат на неажурност на надлежните, а од секторот за комунални дејности информираат дека до крај на месец октомври предвидено е да завршат активностите за целосно чистење на речните корита и канали во охридско.
Окт 14, 2022
ТППЕ
Охридската пожарна доби теренско возило
Станува збор за џип со противпожарна надградба за интервенции во тешко пристапни делови од градот и околината. Пожарникарите ќе се подноват и со нова заштитна опрема за технички интервенции после многу години.
Окт 14, 2022
Централна и источна европа
Единаесетти состанок на Викимедија
На настанот ќе се води дискусија на повеќе теми кои се поврзани со потребите на заедниците од државите на Централна и Источна Европа.
Окт 14, 2022
Стани згрижувач
Одложена кампањата Подај рака и промени живот
Кампањата е наменета за промоција на згрижување и има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во земјата.
Окт 14, 2022
Западен балкан
Охрид домаќин на конгрес на правници
Организатор на настанот е Факултетското студентско собрание и студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје. Конгресот завршува на 16-ти октомври.
Окт 14, 2022
Празник
Денеска е Покров на Пресвета Богородица
Празникот се слави во црквата посветена на „Покров на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс „Сите Светии“ во село Лешани.
Окт 14, 2022
Идентитетот е приказна
Утре промоција на книгата за есеистиката на Горан Стефановски
Во рамките на настанот предвидено е дружење на присутните со споделување спомени за Горан Стефановски и разговори за книгата „Идентитетот е приказна”.
Окт 14, 2022
Промоција на хумани вредности
Црвен крст ќе додели ПХВ пехар за најдобрите
Се очекува присуство на претставници од сите организации на Црвен крст на Македонија кои учествуваа во овогодинешниот ПХВ циклус, како и на Градоначалникот на Охрид.