Окт 18, 2022
Сексуална експлоатација во атина
Разбиена мрежа на трговија со жени
По пристигнувањето во Грција, жените се сместувале во стан, во кој што живееле и водечките членови на мрежата, кои ги надгледувале и ги принудувале да плаќаат висока месечна кирија.
Окт 18, 2022
Општина охрид
Дефинирање приоритети пред објавување Јавен повик за граѓански организации
Транспарентниот и конкурентен процес за избор на проектите придонесува за обезбедување подобри услуги и конкретни резулатати за локалното население.
Окт 18, 2022
Нуцк григор прличев охрид
Пријавување за детското драмско студио
За детското драмско студио може да се пријават сите деца со интерес за театарска уметност, а особено глума, на возраст од 9-14 години. Аудицијата ќе се одржи на 1-ви ноември, во 19 часот во просториите на НУЦК „Григор Прличев“ Охрид.
Окт 17, 2022
Општина охрид
Црвен Крст добитник на највисокото признание
Беа презентирани наградените проекти, со кои младите волонтери на Црвен крст Охрид, по четврти пат го освоија пехарот на програмата ЦКА-ПХВ.
Окт 17, 2022
Поставена на булеварот туристичка
Станица за мерење на квалитетот на воздухот
Со поставување на мониторинг станица ќе се воспостави механизам за редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот и изворите на загадување.
Окт 17, 2022
Да ги заштитиме децата во сообраќајот
Превентивна кампања во ОУ Братство Единство
Превентивната кампања ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот” која ја спроведува СВР Охрид беше реализирана во ОУ „Братство Единство“ во населбата Лескајца.
Окт 17, 2022
Информативно патување
Туристичка дипломатија за развој на туризмот
Туристичката дипломатија е нов адут за промоција на македонскиот туризам. За таа цел од АППТ организираа дводневно информативно патување за дипломати-амбасадори со мандат во Приштина, Косово.
Окт 17, 2022
Охридско крајбрежје
Хотелите ќе стават клуч на врата доколку државата не помогне
Над 1 500 вработени во големите хотелски капацитети на брегот на Охридското Езеро може да останат без работа. Доколку нема помош од државата, под притисок на инфлацијата, енергетската криза и високите трошоци, хотелските капацитети ќе бидат принудени да стават клуч на врата.
Окт 17, 2022
Охрид и дебрца
Огревно дрво на рати за пензионерите од регионов
Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца продолжува со напорите за снабдување со огревно дрво на рати за пензионерите од регионов. Исто така пензионерите со најсниски пензии, особено оние во руралните средини добиваат хуманитарни пакети. Надминат е и проблемот кој се случи за време на пандемијата кога се пролонгира времето на чекање за исплата на посмртна помош на семејствата на починатите корисници на пензија.
