Окт 12, 2022
Производство на автомобилски делови
Во Струга отворена канадската компанија Магна
Во технолошко индустриската развојна зона во Струга, денес свечено беше отворена првата фабрика на „Магна Мирорс” во земјава. Станува збор за канадска инвестиција од 35 милиони евра, која денес брои 350 вработени. Премиерот Ковачевски на отворањето рече одлуката одлуката Магна да отвори фабрика во земјава се должи на поволната бизнис клима во државата.
Окт 12, 2022
Младински политики
Официјален старт на Младинскиот центар Охрид
Охрид го доби првиот Младински центар, сместен во просториите на комплексот Касарна. Конечно охриѓани имаат место кое ќе биде сервис за младите, со можност да учествуваат во градење на младински политики.
Окт 12, 2022
Локална самоуправа
Орманци плаќаат, а тонат во мрак
Опасна станува главната улица која води низ Орман, а која ја користат и жителите од Лакочереј. Родителите посебно се загрижени за сообраќајната безбедност на нивните ученици кои мора со автомобили да ги земаат од училиште во вечерните часови.
Окт 12, 2022
Вевчани
Нов лик за улицата Шопев мост во Вевчани
Привршуваат подготовките за комплетна реализација проектот за реконструкција на локалната улица “Шопев мост” – Здравствен Дом Вевчани.
Окт 12, 2022
На програмата на ТВМ
Нови и млади – Музичко талент шоу – нова сезона
Погледнете ги најталентираните млади луѓе од регионов во најгледаното музичко талент шоу „Нови и млади“ на ТВМ телевизијА.
Окт 12, 2022
Википедија
Википедијанците во Охрид
Oд 14-ти до 16-ти октомври 2022 година, во Охрид ќе се одржи 11. годишен собир на Википедијанци од Централна и Источна Европa.
Окт 12, 2022
Култура
Света Богородица Болничка
Започна конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка во Охрид. Црквата датира од 14 век.
Окт 12, 2022
Филм
Само ѓаволот се плаши од вода
Во Центарот за култура „Григор Прличев”, денес со почеток во 20.00 часот се прикажува краткометражниот филм „Само ѓаволот се плаши од вода”.
Окт 11, 2022
Превоз на патници
Стари проблеми со такси превозот во Охрид
70 годишниот Милосав Павловски, жител на старт град, бара од Општината да му објасни дали постои начин граѓанинот да биде заштитен од самоволието на поедини такси превозници. Тој преку Рубриката „ Ти си твојот град“ се пожали дека иако летната туристичка сезона е завршена, проблемите со такси превозот во Охрид продолжуваат. “ Милослав и неговата сопруга во поодминати години секогаш кога ќе ја напуштат куќата во Варош, неизвесно е дали ќе најдат такси превоз да се вратат дома.