Skip to main content
Окт 13, 2022
Финансиран од европска унија
За изградба на адреналински парк во Охрид кој е дел од Проектот „OHRID Go“, финансиран од страна на Европската Унија преку програмата ЕУ за општините, потребни се повеќе пари. На последната седница на Советот на Општина Охрид посветена на советничките прашања, советникот Ванчо Костоски од ВМРO Народна запраша зошто после една година на терен нема видливи резулати. Градоначалникот Пецаков, кажа дека со порастот на цените репроматеријалите потребни за изработка на паркот, потребни се и дополнителни финансиски средства.

Окт 13, 2022
Библиотека Григор Прличев
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид започна кампања за промоција на своите услуги меѓу учениците во основните и средни училишта со цел зачленување и читање лектири. Целта е да се подигне културата на читање, личната култура и образование помеѓу младите и проширувањето на вокабуларот. Кампањата ќе продолжи да се одвива во текот на цел октомври кој воедно се смета за Месец на книгата.

Окт 13, 2022
Промоција на прирачник
Книгата „Социо емоционален развој за деца“ ќе биде достапна и за продажба и тоа по промотивна цена од 500 денари.

Окт 13, 2022
Интерактивно предавање
Од Библиотеката соопштуваат дека поради стручното предавање одделот за зајмување утре – петок ќе работи само од 8 и 30 до 14 часот.

Окт 13, 2022
Европска комисија
Европската Комисија го објави Извештајот за прогресот на Република Северна Македонија за 2022 година, кој е генерално позитивен.

Окт 12, 2022
Несреќа при работа
22-годишно момче од Кочани се здоби со тешки телесни повреди откако падна од кров на фабрика во Охрид, при извршување градежни работи.

Окт 12, 2022
Народен театар охрид
Поради големиот интерес за претставата „Секс, лаги и љубомора“ закажана е реприза за сабота 22-ри октомври со почеток во 20 часот, а билетите се пуштени во продажба на билетарата ва Центарот за култура.

Окт 12, 2022
Повредени две лица
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила синоќа во близина на тунелот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум.

Окт 12, 2022
Производство на автомобилски делови
Во технолошко индустриската развојна зона во Струга, денес свечено беше отворена првата фабрика на „Магна Мирорс” во земјава. Станува збор за канадска инвестиција од 35 милиони евра, која денес брои 350 вработени. Премиерот Ковачевски на отворањето рече одлуката одлуката Магна да отвори фабрика во земјава се должи на поволната бизнис клима во државата.