Skip to main content
Окт 8, 2022
Возеле без заштитна кацига
Полициските службеници затекнале 10 мотоциклисти на подрачјето на СВР Охрид, кои не носеле заштитна кацига. Во Охрид-7, Струга-2, Кичево-1.

Окт 8, 2022
Почитување на меѓународно јавно право
Србија се усогласи со декларациите на ЕУ и резолуциите на ОН кои ја осудуваат руската инвазија на Украина, но официјален Белград одбива да воведе санкции кон Русија.

Окт 8, 2022
Јп нискоградба
При ископот е изваден отпад кој е неразградлив и претставува опасност за појава на дефект на канализационата мрежа, велат од ЈП „Нискоградба“.

Окт 8, 2022
Јавен повик
Општина Охрид објави Јавен повик за прибирање барања за финансирање на Програма за заштита на потрошувачите.

Окт 7, 2022
Министерство за здравство
Направени се 529 тестови, а регистрирани се 56 нови случаи на ковид во земјава, информираат од Министерството за здравство.

Окт 7, 2022
Eпицентрално подрачје валандово
Земјотрес со локална магнитуда од 3 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево на 132 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово.

Окт 7, 2022
Состојбата со сметките е алармантна
Приближно 1 милион евра е сумата која треба да ја плати ЈП „Водовод“ Охрид за потрошена електрична енергија за последните три месеци. Директорот, Марјан Ристески на денешната седница на совет, достави информација за алармантната состојба во која се наоѓа претпријатието. Дел од советниците се задржаа на долгогодишните проблеми со кои се соочува ова претпријатие. Градоначалникот кажа дека во моментов е потребно решение кое брзо ќе даде ефект во олеснување на сериозната состојба во која се наоѓа Водовод, но и другите јавни претпријатија поради енергетската криза.

Окт 7, 2022
Пронајдена дрога
Охриѓанец фатен со 15 пакувања кафеава прашкаста материја. Дополнително во неговиот дом, полицијата пронајде уште 20 пакувања со кокаин.

Окт 7, 2022
Физичка пресметка
Физичка пресметка помеѓу охриѓанец и жител на селото Волино, пред угостителски објект на кеј Македонија во центарот на Охрид.