Skip to main content
Окт 3, 2022
Приведено лице од албанија
Запленети 177 парчиња охридска белвица, приведено лице од Република Албанија, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Окт 3, 2022
Бруцоши
Свечен почеток на новата академска 2022/2023 година. Зголемен е интересот на студентите за сите студиски програми, а особено пораст е изразен на факултетот за компјутерски науки и инженерство.

Окт 3, 2022
Градежни активности
Проектот за нова фекална канализација на ул. „Даме Груев“ е во вредност од 900 000 денари. Изведувач на градежните активности е фирмата „БОКОП“ од Струга.

Окт 3, 2022
Свети апостол павле
Градоначалникот Пецаков имаше обраќање по повод почетокот на новата академска година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Окт 3, 2022
Охридски комуналец
Повторно несовесни лица депонираат кабаст отпад на улиците низ градот Охрид. Екипите на Комуналец веднаш на терен, ги исчистија улиците.

Окт 3, 2022
Влада подгорица
Горивата во Црна Гора најевтини во регионот. „Ги поддржуваме и граѓаните и економијата“, се вели во инстаграм објавата на црногорската Влада.

Окт 3, 2022
Свечено отворање
Државниот архив ќе добие центар за дигитализација. На свеченоста ќе присуствува амбасадорот на Турција во земјава, Хасан Мемет Секизќок.

Окт 3, 2022
Парламентарни избори
На вчерашните четврти парламентарни избори во Бугарија во последните 18 месеци, учествуваа 29 партии и коалиции.

Окт 2, 2022
Јп градски пазар
Вандализирана една од типизираните куќарки на Кеј Македонија која што е во сопственост на ЈП „Градски Пазар“ Охрид.