Сеп 29, 2022
Градежни активности
Забрането паркирање на ул. Даме Груев
Поради градежни активности, во понеделник на 3-ти октомври забрането паркирање на улицата „Даме Груев“ околу Старото кино.
Сеп 29, 2022
Јубилеј од 40 години постоење
Пуштен во употреба новиот ангиограф во Кардиолошки
Денес ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид, одбележува 40 години постоење, раст и развој. Во чест на одбележувањето на јубилејот и Светскиот ден на срцето, Министерот за здравство Беким Сали во употреба го пушти новиот ангиограф.
Сеп 29, 2022
Туризам
Се менуваат интересите на туристите
Повеќето не сакаат масовен туризам туку сами го организираат патувањето. Националниот парк Галичица и видиковецот кон двете езера е најпосакуван локалитет за посета на туристите. За повеќе туристи во регионот треба да се поработи на патната инфраструктура кон Охрид.
Сеп 29, 2022
Гастрономија
Наши гастрономски вкусови во Торино
Претставниците од „Слоу фуд“ Македонија покажаа како се подготвува традиционална храна на овие простори. Ние сме високо на светската листа со нашите квалитети, но многу ниско во однос на тоа колку го вреднуваме она што го поседуваме, констатираат претставниците од Охридско-струшкиот регион по враќањето од италијанскиот саем на вкусови.
Сеп 29, 2022
Eviation aircraft
Успешно полета првиот електричен авион
Со технологијата за батерии, слична на таа кај електричните автомобили Alice со девет патници ќе може да лета еден час.
Сеп 29, 2022
Министерство за труд и социјална политика
Во тек е исплатата на септемвриските пензии
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денес.
Сеп 29, 2022
Полициска акција
Во Црна Гора е во тек потрага по руски шпиони
Во Подгорица се уапсени неколку црногорски државјани под сомнение дека работеле за руската разузнавачка служба, објави „Вијести“.
Сеп 29, 2022
Агресивно однесување
Странски државјанки нападнале полицајци
Две странски државјанки нападнале полициски слубеници на улицата „Партизанска“ во Охрид. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сеп 29, 2022
Семејно насилство
Маж ги нападнал сопругата и малолетната ќерка
45-годишен жител на охридско село физички ги нападнал неговата сопруга и малолетната ќерка, информираат од СВР Охрид.