Skip to main content
Сеп 23, 2022
Експертите прогнозираат потешка криза за туризмот во однос на пандемијата. Поради енергетската криза поголемот дел од компаниите нема да може да ги покријат режиските трошоци. Доколку владата не преземе итни мерки доведени во прашање се работните места на голем број вработени во туристичката индустрија.

Сеп 23, 2022
Во тек е монтирање на новиот ангиограф
Со реновирање на одделите се подобруваат условите и квалитетот на здравствените услуги во Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања. Во тек е и монтирање на новиот ангиограф добиен преку Министерството за здравство. На 29-ти септември, Светскиот ден на срцето болницата ќе одбележи 40-годишен јубилеј.

Сеп 23, 2022
Економија
Организатор е Фондацијата за поддршка на мали и средни претпријатија, а ќе се споделува функционирањето на социјалната економија во европските земји. Се тежнее нивното искуство да биде пренесено во Локалните самоуправи на Југозападниот плански регион.

Сеп 23, 2022
Здравство
Во Охрид ќе бидат присутни еминентни европски лекари, здруженија за ретки болести и лекари од земјава. Паралелно со конгресот ќе се одржи и вториот Балкански состанок за ретката болест Алпортов синдром. Семејствата на лицата со ретки болести имаат можност да добијат медицински сознанија за третман и справување со ретките заболувања.

Сеп 23, 2022
Национална организација за јавно здравје
Во Европа, од мај годинава, има зголемен број заразени со мајмунски сипаници, а до 20 септември биле регистрирани 24.256 случаи во 44 земји.

Сеп 23, 2022
Касарна хаб
Аудицијата за прием на членови во Детскиот хор „Бамбино“ ќе се одржи во просториите на Касарна хаб со почеток во 12 часот. Дечињата треба да подготват 3 песнички.

Сеп 23, 2022
Општина вевчани
Во Мултикултурниот Центар во Вевчани се одбележа Денот на Европскиот зелен појас, во организација на Македонското Еколошко друштво.

Сеп 23, 2022
Камп за бесплатни превентивни прегледи
По повод Светскиот ден на срцето во организација на НВО Здрава Иднина ќе се одржи камп за бесплатни превентивни прегледи и консултации, во соработка со кардиолозите од клиниката Жан Митрев.

Сеп 23, 2022
Јп охридски комуналец
Екипите ги расчистуваат и уредуваат површините во Горно Лакочереј, Подмоље, брегот на Охридско Езеро и плажите.