Skip to main content
Сеп 15, 2022
Светска здравствена организација
Првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус вели дека на повидок е крај на пандемијата со коронавирус.

Сеп 15, 2022
Евакуирани над милион лица
Муифа е најсилниот тајфун што го погодил Шангај, најнаселен кинески град со 25 милиони жители, од 1949 година, објави државната CCTV.

Сеп 15, 2022
Донесена одлука
Владата на Србија ја зголеми минималната плата на 343 евра, односно 40 020 динари. За 14,3 отсто ќе биде повисока минималната цена на трудот.

Сеп 15, 2022
Реконструкција на улица до спортско образовниот комплекс
Со реализацијата на проектот се предвидува реконструкција на дотраената пристапна улица до спортско-образовниот комплекс во Вевчани.

Сеп 15, 2022
Есенски циклус
Подетални информации на отворениот ден за Бреинобреин програмата во сабота од 10 – 12 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.

Сеп 14, 2022
Донации во образование
Педесет првачиња од основните училишта во Охрид опремени со ранци и училишни комплети во рамки на донацијата Даруваме радост за првачиња, организирана од Црвен Крст Охрид, годинава поддржана од компанијата ПН Метал.

Сеп 14, 2022
Министерство за здравство
Направени се 866 тестови, а регистриран е 141 нов случај на Ковид-19 во земјава, информираат од Министерството за здравство.

Сеп 14, 2022
Југозападен регион
Доцни изградбата на патиштата во Југозападниот регион во земјава. Не e ставен во функција делот од автопатот Кичево-Охрид кај село Требеништа, кој беше најавен за август годинава. Од министерството за транспорт, велат ги завршиле сите потребни постапки, но изведувачот доцни. Иста е состојбата и на патниот правец од Извор до Дебар. Оваа делница требаше да биде завршена во 2015 година, но градежните работи и таму доцнат.

Сеп 14, 2022
На денешната седница помина годишниот план за вработување на ЈП „Билјанини извори“ за 2023 година. Планот предвидува 14 работни места на што реагираше координаторката на опозицијата, плановите за вработувања во јавните претпријатија во услови на криза да бидат поскромни. Директорот на јавното претпријатие со објаснување дека не станува збор за нови вработувања.