Сеп 12, 2022
Регулаторна комисија за енергетика
Горивата поевтини за еден денар
Од полноќ, бензините и дизелот поевтинуваат за еден денар. Дизелот останува 12,5 денари поскап од бензинот од 95 октани.
Сеп 12, 2022
Капетанија на пристаништата
Пловечки катамаран избегна несреќа
Патниците пловеле на релација Охрид – Св. Наум, а инцидентот се случил на неколку метри од пристаништето пред црквата Св. Богородица Захумска. Инспекторот за безбедност на внатрешна пловидба утврдил дека немало претовареност со патници туку се појавил дефект на пловилото.
Сеп 12, 2022
Илегално преминување на државната граница
Приведен државјанин на Тунис кај Св. Наум
Поради илегално преминување на државната граница кај Св. Наум, приведен е државјанин на Тунис, кој во себе немал документ за идентификација.
Сеп 12, 2022
Акција
Исчистено дното на Охридското езеро кај Трпејца
Од дното на езерото била извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња, шпорети, бојлери, телевизори и покуќнина.
Сеп 12, 2022
Red Bull Show Run
По 83 години Формула 1 во Белград
Главните ѕвезди на настанот се шампионот во Формула 1 Дејвид Култхард, Ред Бул Дрифтбрадерс и Арунас Гибиежи, специјалист за „каскадерско возење“.
Сеп 12, 2022
Физички напад
Битолчани нападнале охриѓанец на Туристичка
Неколку лица од Битола нападнале 43-годишен охриѓанец на бул. „Туристичка“ во Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сеп 12, 2022
Трагедија
Маж од Лескоец пронајден мртов
51-годишен жител на Лескоец е пронајден мртов кај месноста „Краста“ во Лескоец. Телото е предадено за обдукција.
Сеп 12, 2022
World Population Review
Македонија шеста најсиромашна земја во Европа
Најсиромашната европска земја е Украина, во листата се и Грузија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Србија и Црна Гора.
Сеп 12, 2022
За среќа нема повредени минувачи
Се скрши гранка од стариот Чинар кај Кошишта
Гранката што падна е трула. Екипи на Охридски комуналец од утрово се на терен ја отстранија трулата гранка, информираат од Локалната.