Сеп 2, 2022
Општина охрид
Ангажирани десет образовни асистенти
Десет образовни асистенти ќе им даваат дополнителна помош на децата со полесна попреченост од школска возраст.
Сеп 2, 2022
Регулаторна комисија за енергетика
Нови цени на горивата
Бензинот БС-95 поевтини за два денари и чини 87,5 денари. Исто толку поевтини и БС-98 и сега чини 90 денари за литар.
Сеп 2, 2022
Штрајк на пилотите
Луфтханза откажа над 800 летови
Откажувањето на летовите ќе биде на аеродромите во Франкфурт и Минхен, соопштија од германската авио компанија Луфтханза.
Сеп 2, 2022
Денес и за време на викендов
Отворен патниот правец преку Галичица
Сообраќајот на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица од 18-ти август до 12-ти септември делумно ќе биде во прекин помеѓу 9 и 15 часот поради изведување градежни работи (асфалтирање).
Сеп 1, 2022
Саем за вино, храна и туризам во белград
Охридскиот бисер и филигран на Опен Балкан
Охридскиот бисер и македонскиот филигран беа претставени на Саемот за вино, храна и туризам кој деновиве се одржува во Белград.
Сеп 1, 2022
Локална самоуправа
Јавните претпријатија пред колапс
Мерките за штедење струја ќе се спроведуваат, но општините се исправени пред сериозен проблем, вели охридскиот градоначалник. Јавните претпријатија како Водовод, не може да ги платат енормните износи на доспеани сметки за струја. Преку ЗЕЛС бараат помош од Владата за излез од финансиските потешкотии наметнати од енергетската криза.
Сеп 1, 2022
Образование
Започна новата учебна година
Детскиот џагор ги исполни училишните дворови по 2 пандемиски години. Со пригодни свечености беше одбележан стартот на новата учебна година во основните училишта во Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков годинава ги посети првооделенците во „Григор Прличев“ и „Ванчо Николески“ и им посака успех, здравје и многу петки.
Сеп 1, 2022
Улица даме груев охрид
Скопјанец се соблекувал пред малолетничка
24-годишник од Скопје е лишен од слобода откако се соблекувал и самозадоволувал пред малолетничка од Охрид на улицата „Даме Груев“.
Сеп 1, 2022
Физички напад
Малолетно лице нападнато на ул. Дејан Војвода
Малолетник бил физички нападнат од едно лице на улицата „Дејан Војвода“. СВР презема мерки за расчистување на случајот.